top of page
Writer's pictureinfoislam

Универзумот е самосвесен – тврдат научниците

Главниот поддржувач е Григориј Матлоф, физичар од колеџот за технологија на Њу Јорк Сити, кој го објави трудот во списанието „Истражување на свеста“ за тоа како целиот Космос всушност би можел да биде самосвесен.

Тој забележал дека некои sвезди се движат побрзо од другите во навидум свесна патека на траекторијата. Во своето истражување тој наведува:

„Ѕвездите не поседуваат неврони или тубули, но спектралните отпечатоци на поладните sвезди како Сонцето откриваат присуство на едноставни молекули… Изненадувачки, има докази дека поладните sвезди се движат нешто побрзо низ галактичкиот центар од нивните потопли сестри. Оваа брзинска разлика, е наречена Паренагов дисконтинуитет … Затоа не е невозможно панпсисизмот да се појави од филозофијата и да настане подподелба на набљудувачката астрофизика. “

Потоа, тука е неортодоксниот германски теоретски физичар Бернард Хаиш кој во 2006 година сугерираше дека свеста се произведува и се пренесува преку квантен вакуум, или празен простор. Било кој систем кој има доволна сложеност и создава одредено ниво на енергија, може да генерира или емитира свест.

Образецот открива дека овие постудени sвезди се движат побрзо од нивните потопли сестри заради „емисија во уникатен правец“. Има смисла да се претпостави дека ова би можело да биде пример за ѕвездата која свесно манипулира со себе, за да добие на брзина.

Аленовиот Институт за мозочни науки, вели дека единствената теорија што треба да се знае за свеста е дека тоа е ниво на свесност за себе и за светот. Причината зошто биолошките организми се свесни е затоа што кога пристапуваат кон нова ситуација, тие се во можност да го променат своето однесување за да се движат по него или со цел да се спречи лошата состојба.Тој во моментов се обидува да мери различни организми нивоа на свест. Еден таков експеримент вклучува поврзување на мозоците на две глувци заедно за да се види дали информациите течат меѓу двајцата на ист начин како што би бил фузиран, интегриран систем.

Но овој интегриран систем е познат во исламското учење преку знаците кои Семоќниот Бог не известил во Куранот уште пред 1400 години по човечко сметање.

Имено:

“А што е потешко вас или Небото да го создадеме? Сводот негов високо го крена и го усоврши, ноќите мрачни, а деновите светли ги направи. Потоа Земјата ја распрострел,од неа вода и пасишта извел и брдата ги зацврстил”(Ен-Назијат,27-32)

Колкаво може да биде човековото влијание во ова огромно пространство или какво влијание може да има нашиот ум. Ние би посакувале да бидеме тие кои што нешто управуваме, всушност треба да размислиме убаво. Кој ја создал оваа вселена толку убава и голема? Би требало да се замислиме над тоа што секој ден го гледаме и од природните убавини околу нас.

Тој што седумте неба едни врз други ги создаде како слоеви – ти во тоа што Семилосниот го создава не гледаш никаков несклад, па повторно погледни да не видиш некаков недостаток, потоа повторно двапати погледни, погледот ќе ти се врати истоштен и уморен. (Куран, Сура Мулк / 3-4)

Роџер Пенроуз е Англиски физичар познат по тоа што ја поврзува свеста со некои истражувања што се одвиваат во квантната механика. Тој предложи (уште во 80-тите години) дека свеста дека е присутна на квантно ниво и дека престојува во синапсите на мозокот. Неговите ставови се дека: „Законите на физиката произведуваат комплексни системи и овие комплексни системи водат кон свесност, која потоа произведува математика, која потоа може да ги кодира пократок и инспиративен начин на основните закони на физиката што доведоа до тоа“.

Повторно добро согледување но лошо толкување. Како може да има еволуција на свеста и развој на вакво ниво без да добива инструкции од некое повисоко ниво на Свест?

Поентата е да се види поголемата слика, а тоа е силата која ги води овие процеси.

Аллах е, нема друг бог освен Него, Живиот и Самоопстојувачкиот Одржувател! Не Го обзема ни дремка ни сон! Негово е тоа што е на небесата и на Земјата! Кој може кај Него да се зазема освен со Негова дозвола?! Тој знае што било пред и што ќе биде по нив, и тие не можат да опфатат од Неговото знаење, освен колку што Тој сака! Неговиот Курсиј ги опфаќа и небесата и Земјата, и Нему не Му е тешко да ги одржува! Тој е Севишниот, Величествениот! (Сура ел Бекаре 255)
0 views0 comments

תגובות


bottom of page