top of page
Writer's pictureinfoislam

Урмите се овошјето на иднината

Хадисот на Пратеникот вели: „Куќа во која има урми не чувствува глад.“ (Муслим)

Еве зошто треба да јадете барем седум урми дневно – тежат околу 70 грама, па ако ги земеш автоматски примаш 70 мг калциум кој е добар за коските, зглобовите и нервите, 35 мг фосфор кој е храна за мозокот и 7 мг железо кое ги зајакнува телото во целина а особено срцето. Исто така се погодни во намалување на тежината бидејќи содржат 0,25 г масти. Оваа храна ja регулира и стимулира работата на цревата преку 10 гр диететски влакна кои ги содржи. Оваа количина е доволна да го ослободи телото од акумулираните токсини во ќелиите; како и тешките метали, оловото на пример. Таложењето на токсини во денешно време се накачува како резултат на широкораспростанетото загадување на водата, воздухот и храната.

Да споменеме еден од хадисите на Пратеникот: „Кој изеде 7 стиснати урми наутро нема да може да биде зафатен од сихр(магија) или од труење тој ден“ пренесен од Ебу Давуд. Ако подлабоко го разгледаме хадисот од медицински аспект, можеме да ја уочиме неговата извонредност:

1) Пратеникот (с.а.в.с) го кажал бројот 7. Овој број има значење во универзумот, Куранот и во традицијата на пратеништвото. Доволно е да се знае дека првиот број споменат во Куранот е бројот 7.

2) 7 урми, приближно тежат 70 грама што обезбедува доволен внес на широк опсег на минерали, соли и витамини за телото.

3) Оваа количина е доволна да го ослободи телото од акумулираните токсини во ќелиите; како и тешките метали, оловото на пример. Таложењето на токсини во денешно време се накачува како резултат на широкораспростанетото загадување на водата, воздухот и храната.

Во минатото урмите се нарекувале и „лебот на пустината“, а потоа научниците докажаа дека ова овошје има и голема хранлива вредност. Урмите содржат 80 проценти јаглехидрати, заедно со протеини, минерали, витамини, имаат малку маснотии, немаат холестерол и многу се здрави.

Листовите од урмините палми се тестирани дека се погодни како био-монитори за одредување атмосферско загадување со тешки метали. Имено, во неколку различни студии, содржината на тешки метали на измиени и неизмиени листови од урмино стебло, од различни места, покажувале различен степен на загаденост а тоа се користи за одредување на количеството на тешки метали во атмосферата.

Постојат околу 100 вида урми, а кај нас се почесто на пазарите може, покрај сувите, да се најдат и свежи плодови од ова овошје. Лесно се варат, го намалуваат чувството на глад и се богати со витамини А и Б-6, фолна киселина, калциум, железо, бакар и магнезиум.

Урмите го засилуваат телото, го намалуваат холестеролот во крвта, заштитуваат од паразити и бактерии.

Оксидансите од урмите се совршени за заштита од кардиоваскуларни заболувања и канцер. Најдобро е да се јадат на празен стомак, тогаш најмногу се искористуваат добрите состојки.

Лек за сексуална ослабеност

Сирупот од урми служи и како лек против слабо срце. Како и за терапија на сексуална истоштеност. Кога ќе се помеша со млеко и мед, урмите може да служат како тоник за третирање на сексуална немоќ за двата пола, а таквиот сируп го зајакнува телото и го покачува нивото на енергија.

И постарите ќе се извлечат корист од овој сируп, бидејќи истиот ја подобрува кондицијата и го ослободува телото од токсините акумулирани во клетките низ годините. Урмите за трудници Мерјем (Дева Марија), мајката на Иса а.с јадела урми кога почувствувала породилни болки и за време на породувањето. Аллах џ.ш во Куранот, во сура Мерјем вели: „и породилните болки ја присилија да дојде до стеблото на една палма…“ (23), …„и мелекот кој беше подолу од неа, повика: „Не жалости се, Господарот твој даде подолу од тебе, поток да потече. (24), „Затреси го палминото стебло, и по тебе ќе паднат урми свежи, (25), „јади и пиј и биди весела.“ (26).

Урмите го стимулираат утерусот преку негово регулирање и ги забрзуваат контракциите за породување. Утерусот е релативно голем мускулен орган и итно бара адекватно снабдување со природен шеќер во текот на породилните болки и породувањето. Како лаксативи, урмите се многу важни за бремени жени пред породувањето заради прочистување на дебелото црево и го помага породувањето. Диетичарите ги сметаат урмите за најдобра храна за жените кои треба да се породат и оние кои дојат. Тоа е затоа што урмите содржат елементи кои помагаат при ублажување на депресијата кај мајката и го збогатува млекото со сите елементи потребни за детето да биде здраво и отпорно на болести. Современите Диететски Институти денес ги препорачуваат урмите за деца кои се нервозни или хиперактивни, исто така ги препорачал урмите за срцеви проблеми, според одредени записи. Модерната наука исто така ја докажала ефективноста на урмите во превенцијата на болести на респираторниот систем.

Храна и медицина за децата

Урмите содржат природен шеќер кој лесно се апсорбира и вари, така, тој е безбеден и погоден за стомакот и цревата на децата. Сокот од урми е посебно корисен доколку го мешаме со млеко при што станува уште похранлив и обновувачки пијалок за деца и возрасни. Мешавина на урми и мед се користи во третирање на дијареа и дизентерија кај децата но треба да се зема три пати на ден. Оваа мешавина исто така ги зацврстува непцата во текот на растење на забите. Овде треба да ја напоменеме традицијата на Пратеникот (Ал Тахнеек) т.е триење на непцата на новороденчето со добро изџвакана урма и хранењето со неа. Науката потврдила дека давањето на шеќер растворен во вода го обезбедува детето, новороденчето со потребната хранливост и го подобрува нивниот имунитет. Бидејќи шеќерот во урмите најлесно се апсорбира и вари, се смета дека е најпогоден за новороденчиња.


Суви урми против несоница

Сувите урми се идеални во исхраната за оние што се занимаваат со интелектуална работа, зашто ги поттик­нуваат менталните активности и концентрацијата. Во случај да ве мачи несоница, изедете пет урми и ќе заспиете како бебе. Плодовите се богати со витамин Б5, со магнезиум, калциум и со други минерали. Може да ги комбинирате со мусли и да правите вкусни кола­чи. Ефективна терапија за тврда столица (констипација)

Урмите се користат при проблеми со варењето и со цревата и воедно помагаат во поефективно извршување на нивната функција. Тие се користат и при констипација. Тие треба да се потопат во вода преку ноќ и да се консумираат следното утро откако ќе се направи убав сируп.

Идеална храна за оние кои се на диета  и постат Да се потсетиме на хадисот од Пратеникот (с.а.в.с): „Кога некој од вас ќе престане да пости треба да јаде урми, бидејќи урмите се благослов, доколку не најде урми тогаш да се напие вода бидејќи водата прочистува“ (пренесен од Ебу Давуд). Оттука можеме да видиме дека Пратеникот (с.а.в.с) ни ги покажал принципите на ефективното постење, со јадење урми и пиење вода за доручек т.е пред да се започне постот, векови пред Западот. Намалувањето на чувството за глад а последователно и намалување на количината на консумираната храна е карактеристика на урмата, исто така е најдоброто оружје за исфрлање на токсините од телото, тогаш јадејќи урми (toxin – restive) е најефикасен трeтман против слабост и истоштеност како резултат на акумулираноста на токсични хемикалии и тешки метали во клетките на телото.

Широката разноликост на хранливи елементи во урмите ги прават да заситуваат! Кога знаеме дека причината за дебелината е постојаното чувство на глад и апетит за храна што го тера човекот да конзумира поголеми количини на масти и шеќер. Така, лечењето со користење на неколку урми кога се чувствувате гладни помага во намалувањето на гладта и се чувствувате полни. Урмите ќе го обезбедат телото со потребниот шеќер и ќе го стимулираат интестинот кој го намалува гладот и консумацијата на храна. Аиша р.а, жената на Пратеникот (с.а.в.с.), препорачувала урми за оние кои страдале од вртоглавица. Добро е познато дека падот на нивото на шеќер во крвта и нискиот крвен притисок се меѓу причинителите на вртоглавица. Исто така е забележано дека таа ги комбинирала урмите со краставица заради својата слабуњавост. Таа рекла: „тие ме задебелуваа давајќи ми се. Но не станував дебела. Потоа тие ме задебелуваа заедно со краставица и зрели урми и тогаш добивав на килажа!“ Аиша била навистина во право, бидејќи знаеме дека 1 кг урми содржи приближно 3 000 калории кои се доволни за снабдување на минималните дневни потреби на активен маж за еден цел ден. Лек против воспаленија

Урмите се лек за црниот дроб и го ослободуваат од токсини, Исто така пиејќи сок од урми се користи во лекување на суво грло, различни типови на треска, ринорхија (нос што тече) и настинка.

Лек против затруеност

Урмите се одличен лек за алкохолна предозираност. Во такви случаеви, пиењето вода во која свежи урми се истружени или потопени и носат брзо олеснување. Урмите низ бројкиИмајќи висока медицинска и хранлива вредност урмите се најдобра храна за иднината. Урмите содржат 88% јагленохидрати (скроб), (2,5-5%) масти, (2,3-5,6%) протеини и (6,4-11,5%) витамини и диететски влакна. Внатрешниот дек содржи (0,2-5%) масло, додека семето содржи 7,7-9,7% масло.

Урмите содржат витамин А, Б1 и Б2, а содржат и флуорин кој се бори против расипувањето на забите. Други минерали се јавуваат во различни количини како бор, калциум, кобалт, бакар, железо, магнезиум, манган, фосфати, фосфор, натриум и цинк. Семето содржи алуминиум, кадмиум, хлориди, олово и сулфур во различни пропорции. Селенот, елемент за кој се верува дека користи во превенцијата од канцер и е битен во имунолошките функции, исто така се наоѓа во урмите. Пратеникот (с.а.в.с.) понекогаш ги комбинирал урмите со леб. Понекогаш мешал зрели урми и краставица, или урми со течен путер. Тој ги користел сите видови на урми но ја преферирал врстата Aџва.

0 views0 comments

Comentarios


bottom of page