“Кога капката семе во матката ќе помине четриесет и две ноќи, Аллах џ.ш. го праќа мелекот(ангелот), кој му дава облик, слух и вид, ја формира кожата, месото и коските. Потоа мелекот прашува: Господару, дали ќе биде машко или женско? Господарот oдредува што сака, мелекот тоа го запишува, а потоа прашува: Господару, колкава му е нафаката? Господарот одредува што сака, а мелекот запишува. Веднаш потоа мелекот излегува со страница во раката и на тоа ниту додава ниту нешто одзема.”
Така гласи еден од наjпознатите хадиси кој го бележи Муслим, а говори за судбината.
Оваој хадис станува уште поважен кога знаеме дека науката го утврдила ваквиот начин на развој на ембрионот во матката.Значи, шест недели по оплодувањето трае создавањето на ембрионот(од зиготот). Следните шест недели настанува фетусот, а отприлика исто толку време(четриесет дена), фетусот се развива во препознатлив облик на човечко тело(грутка месо).
Исто така науката потврдила дека фетусот може да размислува. Првите 120 дена на живот фетусот не размислува: ”Мозокот на фетусот е електрички мирен првите шест недели од животот.По овој временски период, почнуваат да се случуваат лесни активности со слаб интензитет, иако мозокот не размислува во вистинска смисла на зборот”(Фетус кој размислува). Но,после 120 дена, откако душата бива вдахната во фетусот, започнуваат мозочните активности: ”Фетусот станува свесен во текот на другиот триместар…постои ултразвучен доказ дека фетусот сонува колку 23 недели.Сонувањето е секако знак на присаство на ментални способности кои се неопходни за размислување”…
Постојат уште многу други работи кои фетусот може да ги прави во овој период. Може да изразува емоции(среќа,страв,гадење итн.) преку гестикулациите на лицето.Може да покаже вознемиреност со цицање на палците или да протестира со удирање.
Еден од важните елементи на развој во текот на овој период е можноста за разликување и препознавање на звуци. Некои спроведени испитувања го докажуваат тоа: Новороденчето повеќе сака да ги слуша зборовите кои му ги говорела мајката додека било во стомакот, отколку непознати зборови. Новороденчето ќе ги препознае и копира зборовите на мајката. Кога ќе му се пушти музиката која мајката ја слушала додека била трудна, новороденчето се смирува.
Она што е значајно во сето ова е дека бебињата можат да се подучаваат на Кур’анот(или на некои сури од Кур’анот) додека се уште престојуваат во матките. Замислите да учите Кур’ан секој ден со своето бебе додека се уште е во стомакот, па по породувањето тоа преферира Кур’ан над останатите книги и звуци. Ќе го препознае Кур’анот и ќе се обиде да го имитира, а ќе го користи Кур’анот и за да најде утеха(мир). Зар тоа не е она што го сакаме за нашите деца? Замислете ја вашата награда поради подарокот кој што, со Аллахова милост, сте го поделиле на вашите деца.Вашата награда ќе биде двојна:една за Вас поради тоа што сте учеле Кур’ан, а втората за Вас и за Вашето дете поради тоа што сте го подучиле на Кур’ан.
Дури и да не можете да го проучите целиот Кур’ан, што и да прочитате ќе ви донесе и на обајцата корист. Неколку сури два пати дневно ќе вроди љубов кон Кур’анот во срцето на Вашето дете. Затоа следниот пат кога ќе бидете бремени, наместо да гледате телевизија или слушате музика, земето го Кур’анот и почнете да учите!
Commenti