top of page
Writer's pictureinfoislam

Факти за морињата и океаните во Куранот

Ви го претставуваме Д-р Вилијам В. Хај, професор по геолошки науки на Универзитетот Колорадо сместен во градот Болдер, во американската држава Колорадо.

Професорот Хaj претходно бил декан на Rosentiel Факултетот за Наутички и Атмосферски науки на Универзитетот во Мајами, Флорида, САД. Со д-р Хај отидовме на морска екпедиција која требаше да ни овозможи да испитаме одредени феномени кои беа поврзани со нашата студија за Научните чуда во Куранот и Суннетот. Поставивме многу прашања за морската површина, за поделеноста помеѓу горниот и долниот дел на морето, за океанското дно како и за морската геологија. Исто така сакавме да знаеме за одредени делови на водените простори во кои доаѓа до мешање на различна морска вода со слатка вода која пристигнува од реките.

Аллах вели во Куранот:

„И Тој е Оној кој одвои едно од друго две води: едната пивка и студена, а другата солена и горчлива. И меѓу нив одреди меѓупростор и испречи препрека.“ (Куран, 25: 53)

Професорот Хај беше многу љубезен и подробно одговори на сите наши прашања.

Што се однесува на „преградата“ која се наоѓа помеѓу различните мориња, доктор Хај ни објасни дека овие „водени тела“ (или пак водени маси) не се едно големо хомогено море како што тоа нам ни се чини. Напротив, има мориња кои се разликуваат по степените на соленост (салинитет), температура и густина.

Во 1942 година, научниците за прв пат, по поставување на голем број истражувачки станици, успеаа да дојдат до слика (види 13.1) на која лесно може да се забележи раздвоеноста на двете мориња (Средоземното и Атланскиот Океан) кои се разликуваат според температурата, салинитетот, густината, способноста на растворањето на кислородот како и според растителните и животинските видови кои живеат во нив.

Слика 13.1 Marine Geology, Kuenen, str.43

На оваа слика гледаме обоен триаголник кој се наоѓа кај Гибралтар. Тука јасно се гледа линијата на раздвојување помеѓу двете водени маси иако голото човеково око во природа тоа не може да го забележи.

Оваа слика е направена со помош на сателитски камери и методата за детекција од далечина. Прикажаната фотографија е снимена со сателити кои ги мереа специфичните термални карактеристики на различните водени маси, затоа морињата се прикажани во различни бои. На пример, гледаме светло-сина боја, темно сина и црна боја. Останатите водени маси се прикажани зеленкасто. Овие различни бои  ги претставуваат разликите во температурата на морските површини. Меѓутоа, како што знаеме сите, сите овие океани и мориња во нашите очи изгледаат сини. Значи, вистинските линии на раздојување можат да се воочат единствено по пат на научни истражувања и модерната технологија.

Аллах с.в.т. во Куранот рекол:

„Пуштил две мориња да се допираат, помеѓу нив има преграда и тие не се мешаат. (превод на значење на Куранот сура 55:19-20)

Слика 13.2 Глобус на кој се назначени температурите  на водата

Линк за биографија на Д-р Вилијам Хај

Линк за видео сведоштво:

0 views0 comments

Comments


bottom of page