top of page
Writer's pictureinfoislam

Фермани кои кажуваат како се прифаќал исламот за време на Османската империја

Солун: “Околу 14 јуни 1554 година по улиците шетаат еден Евреин со чалма кој што беше го прифатил исламот. Зад него врвеа мнозина, а пред него одеше еден турски хоџа кој што извикуваше дека ова лице го нашол вистинскиот пат(ислам) и станал смирен муслиман. На овие негови зборови, другите одговарале: „Аллах, Аллах“. (Од дневникот на Ханс Дернсхвам)

„Така, во ноември 1722 година во судот во Бер “христијанката Мара беше почестена со исламот, ја напушти лажната вера и откако го кажа шехадетот, се нарече Рабија. Нејзиниот сопруг Коста Диму изјави пред судот дека не сака да премине во ислам поради што бракот е разведен.” (Александар Матковски, Отпорот во Македонија, Скопје 1983 година, том 1, стр. 172, текстот е превземен од еден грчки изворник документ 156)

„Во една бујурулдија од 12 јули 1818 година се вели дека никој не треба да го принудува некого да прими исламска вера, но не е допуштено ни тој што го примил исламот да се убедува пак да ја промени верата, т.е. да се врати во христијанство.“(Битолски сиџил 45, лист 45)

Битола: „На 27 декември 1830 година во шеријатскиот суд во Битола дошла Петра од Синан-бег маало ” се откажала од својата лажна вера и се нарекла Уми Ѓулсум. По нејзиното преминување во ислам, истото му било понудено и на нејзиниот маж Трајче. Бидејки тој и понатаму сакал да остане како христијанин судот решил нивниот брак да се раскине.” (Битолски сиџил 99, лист 2)

„Некоја Неда од Битола, додека нејзиниот маж бил отсутен, дошла во шеријатскиот меџлис и изјавила дека сака да премине во ислам. Но кадијата во сиџилот записал: “Бидејки мажот на Неда е отсутен, кога ќе дојде ке се побара објаснување за нејзината постапка”. (Битолски сиџил 103, лист 94)

Имаме еден многу значаен ферман од 23 јануари 1728 година во кој е описан следниов случај: “Две жени од Солун пред неколку години доброволно преминале во ислам и од тогашниот кадија барале хуџет дека доброволно станале муслиманки.”

0 views0 comments

Comments


bottom of page