top of page
Writer's pictureinfoislam

Формирањето на нафтата опишано во Куранот

  1. Слави го името на Господарот свој Севишен,

  2. Кој сe создава и прави складно,

  3. и Кој сe со мера одреди и упати,

  4. и Кој прави пасиштата да растат,

  5. а потоа прави да станат суви, потемнети.(потемнето стрниште ) (Куран 87/ 1-5)

Како што знаеме, нафтата била формирана од  остатоците на растенијата и животните во морињата. Еднаш откако се наталожиле на морското дно со милиони години се што преостанало се уљани супстанци. Овие поднивоа на кал и камења потоа се претвориле во нафта и гас. Движењата на земјината кора понекогаш водеше до тоа да морињата бидат врушени, за да потоа камењата кои содржат петрол бидат закопани илјадници метри во длабочина. Петролот кој се формирал некојпат истекувал низ порите и на камениот слој неколку километри подоле, за да понекогаш се подигне до површината каде испарувал и оставал големо количество на битумен позади себе. Нафтата е масловидна течност со темна боја и непријатен мирис,која лесно стапува во различни реакции.Се наоѓа во внатрешноста на Земјата. Нафтата е смеса од јаглеводороди,а јаглеводородите при горење ослободуваат големо количество топлина.Токму затоа нафтата е главен извор на енергија. Извор е и на т.н петрохемикалии, односно главна суровина за една современа хемиска индустриска гранка, петрохемиската индустрија, од која седобиваат пластични материјали,синтетичкивлакна, детергенти, експлозиви, пестициди итн.

Настанувањето на нафтата секогаш било поврзувано со остатоците од растенијата, но од кои растенија, кои процеси при тоа се одвиваат при претворбата во нафта се уштене е познато . Геохемичарите од Кемеровскиот Институт за јаглен и хемија на јагленот, од Сибирскиот оддел на Руската Академија на науки најдоа хемиски докази за својата нова теорија за настанокот на нафтата-од мастите и ним сличните супстанци присутни во древните алги. Главните компоненти на клетките на алгите се протеините и јаглехидрати. Откако растението ќе изумре, тоа брзо ќе биде разградено од микроорганизмите. Но, мастите и ним сличните супстанци, во текот на овој процес, остануваат непроменети. Научниците претпоставуваат дека прв степен во претворбата на мастите во примарни масла е, всушност, повеќестепена оксидација која резултира со формирање на пероксидни соединенија. Пероксидите, пак, се нестабилни и, според оваа хипотеза, лесно можат да стапат во различни реакции во хидротермалните делови на земјината кора, што доведува до формирање на супстанци кои се составен дел на нафтата. Овие истражувачи нашле дека продуктите добиени со разложување на природното масло на високи температури се во согласност со предложениот начин на трансформација на мастите од алгите. Во прилог на ова оди и анализата извршена врз морските седименти-главниот извор на нафта во Западен Сибир, а резултатите велат дека еден дел од присутните супстанци би можеле да потекнуваат од алги. Научниците успеале експериментално да ги трансформираат маслата во стабилни органски супстанци во услови кои одговарале на хидротермални зони (500 C и 300 MPa, во присуство на вода), мастите и ним сличните супстанци во дел се претвораат во супстанци конституенти на нафтата.

Овдека во овој ајет можеме да видиме три форми на настанување на нафтатта. Првата е со зборот „ливада или пасиште“ – „мераа“ кој укажува на органската супстанца базирана во формирањето на нафтата. Зборот „ахва“ е замена за збор за потемнето, или попрецизно црно зелекасто или зелкасто црна боја. Тој збор е уште подобро опишан со третиот збор „гхутха“.

Зборот кој во наведениот ајет се нарекува „гхутха“ фактички треба да се преведе како стрниште. Зборот укажува на поплавени  растенија кои се носени и дисперзирани со отпадни води  собрано во остави, ѓубре, и кои фактички се „исфрлена“ материја од земјата. Навистина кога ќе се погледне сложеноста на зборовите кои се употребени и сличноста на начинот како земјата го исфрла петролеумот и како е неговото пројавување на земјината површина, станува јаснои фрла  светлина како се формира нафтата, начинот на кој таа се појавува, нејзината пена – како и појавата на нејзината боја, со што може да се види со која мудрост биле искористени зборовите во ајетот.

Користен текст: „Стазом ислама“ и „miraclesofthequran.com“

0 views0 comments

Commentaires


bottom of page