Дени Блум (25) е професионален фудбалер кој игра за Нуремберг екипа од Германија.
„Го поседувам сето богатство на овој свет, пари, жени, автомобили, вили, но никогаш неможев да го најдам внатрешниот мир и среќа. Со исламот го решив тој проблем кој долго ме прогонуваше. Барав среќа во разни работи, но ништо не ме усреќи како што е паѓањето покорно пред Возвишениот Бог, тоа е нешто што не се опишува“, истакнал Блум. „Среќата не е во парите и во популарноста, вистинското задоволство е да го молиш Оној Кој те создал на исправен начин, и самото спуштање на челото на тлото е нешто што неможе со зборови да се опише, тоа е врв на задоволството, тоа е неопишана среќа, нешто што не се купува туку се добива со понизност кон оној кој е Творец на сè создадено. Самиот чин на понизност кон Создателот, човекот го прави горд и голем“, додава Дени Блум, играчот на Нуремберг.
Агенции
Comments