top of page
Writer's pictureinfoislam

Фудбалерот на Сенегал Садио Мане своите пари ги троши за сиромашните и нивните потреби

Фудбалерот од Сенегал, Садио Мане, ретко зборува за својот живот надвор од теренот, се знае дека израснал во сиромашно семејство, дека татко му му забранувал да игра фудбал. Стигна до големата сцена, стана ѕвезда, но тоа не го промени.

„Немав што да јадам, работев на поле, не можев да одам на училиште, беа тоа тешки времиња“ – вели Мане.

Тој на парите гледа како на можност да им помогне на оние кои немаат ниту за живот.

„Поради што би ми требале 10 ферарија, 20 дијамантски часовници и два авиона. Како со тоа би му помогнал на светот. Тоа што заработив е можност да им помогнам на луѓето.

Наместо да трошам пари на работи кои не ми се потребни, градам училишта, купувам храна и облека за сиромашните, за оние кои немаа среќа како јас“ додава фудбалерот на Ливерпул.

Голгетерот во област во Сенегал на секое семејство му дава по 70 евра месечно, за да можат да преживеат.

0 views0 comments

Comments


bottom of page