top of page
Writer's pictureinfoislam

Халал издршка

Севишниот Аллах кој што на најубав начин го има создадено човекот, му ги има обезбедено сите потребни материјали за издршка како и сета духовна храна. Во светата книга Куран  за тоа пишува :„Тој ви даде се што вие побаравте. Ако почнете да ги набројувате сите благодети на Аллах нема да можете да ги наброите сите.“ Ризкот –издршкатата е делот од сите благодети на овој свет а кој што му припаѓа на секој човек. Тоа е доброто кое му следува на секое живо суштество од страна на Аллах и гаранција за продолжување на нивниот материјален и духовен свет.

Едно од имињата на севишниот Аллах е Ер-Реззак, што значи оној кој што ја обезбедува издршката на сите. Аллах им обезбедува издршка не само на тие што му веруваат туку и на тие кои не му веруваат. Аллах ги задоволува сите материјални и духовни потреби на човекот како што се храна ,вода,облека и друго, воедно и вера, ибадет, љубов и убави мириси. Секако дека најголем благослов за човекот е осознавање на вистината, усмерување кон правдината, и хидајетот, покорување на Аллаховата воља и на тој начин стекнување на Аллаховиот благослов за одење во рајот.

Во Куранот постојат неколку ајети во кои станува збор за издршката. Еве неколку од нив:

„На светот нема ниту едно живо суштество чија издршка не доаѓа од Аллах.“

„Постојат толку многу живи суштества кои не можат да го носат товарот на издршката. Аллах ги храни и нив и вас. Тој слуша се и знае се.“

„Секако дека издршката ја обезбедува апсолутната Аллахова сила“.

Аллах кој е Ер-Реззак-оној кој што ја обезбедува издршката на сите, не ги остава гладни сите оние кои ќе се обратат до него на адекватен начин. Пратеникот за тоа има речено : „Се додека сте живи не ја губете надежта дека Аллах ќе ви даде издршка, бидејќи нема сомнение во тоа дека секој се раѓа гол од својата мајка, а потоа Аллах му дава издршка.“ Со овие зборови Пратеникот алејхи селам кажува дека Аллах е оној кој што дава издршка и им заповеда на верниците да не се грижат за тоа. Издршката на детето во утробата на неговата мајка и на едноклеточните морски организми е многу полесна за разлика од издршката на оние кои имаат сила и моќ, бидејќи од нив се бара да работат,да бидат вредни и трудољубиви.

Издршката има врска со судбината- Кадр. Исто како што судбината го следи во чекор човекот исто така во чекор го следи и неговата издршка. Сепак и покрај тоа Аллах очекува од неговите верници и сите други луѓе да бидат вредни а не мрзеливи. Во светата книга Куранот кога се зборува за животот на Алаховите пратеницисе истакнува дека тие се одликувале со трудољубивост и како такви дека биле пример за останатите луѓе. Човекот секогаш е на искушение дали се богати на хелал начин или не.

Севишниот Аллах им има заповедано на луѓето дека добрите,чистите и корисните нешта се халал-дозволени, и обратно дека лошите, нечистите и штетните нешта се харам-забранети. Куранот за тоа вели :„ Јадете од халал и чистата храна која ви ја дава Аллах“. Секој Муслиман треба да внимава да се служи со халал храна и халал заработка кога ги задоволува своите потреби и потребите на своето семејство. Бидејќи нечесниот харам начин на исхрана или заработка предизвикува насилство во светот, колонизација и анархија. Освен тоа води до судни маки во ахиретот-задгробниот свет. Пратеникот (алејхи селам) има најавено дека нема да бидат услишани молитвите на оние кои се служеле со харам –недозволеното.

„Со распуштена и неуредна коса, целиот обвиткан во прав, ја крева раката кон небото и се моли: Боже,Боже. Но јаде харам, пие харам, облекува харам, се храни со харам. Како можат да се услишат молитвите на овој човек ?.“

Исламот од една страна проповеда халал храна, облека, и заработувачка но истовремено проповеда и штедење на сите Аллахови благодети. Пратеникот алејхи селам за тоа има проповедано:„ Јадете без да правите расипништво, без да бидете арогантни и помогнете им и на сиромашните.“

Во ајетите се заповеда дека постојаното молење, заблагодарување, зајакнување на роднинските врски, одрекнување, и другите видови на позитивни однесувања уште повеќе ја зголемуваат Аллаховата издршка која ја дава на човекот.„ Аллах, ослободиме ме од гревовите, и прости ми, дај ми благослов и поголема издршка и поголем бериќет.„ Се вели во еден од изреките на Пратеникот алејхи селам.

Секој Муслиман добро знае дека за секој Аллахов благодет еден ден ќе положи сметка. Оваа мисла всадена во неговата свест го тера на разумно однесување. Освен тоа тој не им дава значење на благодетите кои ќе ги даде некој друг освен Аллах. На тој начин тој е среќен и задоволен. Пратеникот алејхи селам кажал : „Никој не јадел по халал храна од храната која самиот ја заработил со сопствени раце.“

0 views0 comments

Comments


bottom of page