top of page
Writer's pictureinfoislam

Халал картичка

За да се ублажи табуто меѓу муслиманите чија вера забранува зеленашење, пуштена е Мастер кредитна картичка во која има вметнат компас кој на корисникот секогаш му ја покажува Мека, точниот правец на дневните молитви.




Заради спречување на експлоатацијата на богатите врз сиромашните Исламот го забранува позајмувањето пари за камати. Од друга страна, 1,6-те милијарди муслимани ширум светот се сосема привлечна клиентела па државната Ал Хилал банка од Обединетите Арапски Емирати извади Мастер картичка која освен компасот има и други предности за верниците. Со неа доаѓаат и травелерс чекови за одење на аџилак во Мека a дел од потрошените пари се уплаќаат за локални хуманитарни цели.

Операторите со кредитни картички во тој дел од светот често пати ја избегнуваат верската забрана за кредитирање така што наплаќаат паушал наместо камати.

Сепак, банкарската муслиманска индустрија е огромна и има над 500 фирми и фондови чие работење е доведено во согласност со шеријатските правила.

off.net.mk

0 views0 comments

Comments


bottom of page