top of page
Writer's pictureinfoislam

Хаман и Каменот од Розета

Во Куранот исто како и во другите списи се спомнува приказната за Мојсие(Муса а.с.) и другите Пратеници. Големиот број на овие информации и историски настани само доскоро стигнал до вниманието на учените луѓе. Еден таков пример на мудрост е рефернцата и на спомнувањето на името Хаман во Куранот кој се наоѓа 6 пати и кое име ни укажува дека Хаман му бил најблизок соработник на Фараонот. Иако името Хаман не е спомнато во Тората ниту во некои други верски списи поврзани околу настаните во Египет тоа што е интересно е дека во Стариот завет Хаман се спомнува во последното поглавје на Стариот завет како помагател на Вавилонскиот крал кој им нанесе многу тешкотии на Израелќаните  отприлике 1100 години после Мојсие. Куранот сепак ни изгледа поблизок до последните археолошки откритија во тој поглед и пред 200 години со откривањето на хироглифските списи научниците меѓу другото го дешифрираа името Хаман.Последниот пишан примерок на хироглифско пишување е инкрипцијата која датира од 394 година пред нова ера. Јазикот на пишувањето и сликите и симболите беше заборавен и ваквата состојба важеше се до пред два столетија. Со откривањето на Каменот од розета во 1799 чие пишување датира од 196 г.п.н.е. и кое е напишано на три начини: хироглифски, старомакедонски(демотско писмо)[1] и на старогрчки јазик  со што на научниците им се отворија нови можности. Со помош на грчкиот ракопис античките египетски пишувања конечно беа декодирани. Инаку каменот во ранохристијанскиот или средновековниот период е користен како градбен материјал за Fort Julien близу до градот Розета (Рашид) во Египет. Каменот беше откриен  од војникот Пјер Франсоа Бошар во „Француската експедиција во Египет“. Преводот од инскрипцијата е постигнат со Жан Франц Чамполион. Со ова  големиот дел од социјалниот живот, религијата и цивилизацијата на античкиот Египет беа достапни до јавноста.

Со декодирањето на хироглифите важен детал  од знаењето стана достапен: Името „Хаман“ навистина било спомнато во Египетските инкрипции. Тоа се чува моментално во Виенскиот музеј и со тој документ се докажуваат блиските врски помеѓу Хаман и фараонот.

Во речникот на „Луѓето во новото кралство“ наменет за историјата на античкиот Египет и подготвен од различни колекции на инкрипции, за Хаман се вели дека бил главен на работниците кои делкале и обработувале камењата за Фараонот. Како што и наведува Куранот, Хаман бил присатен за време на Пратеникот Мојсиј и бил близок со Фараонот односно бил инволвиран во конструкциските работи.[2]

Со ова на чудесен начин Куранот иако бил објавен во време кога хироглифите неможеле да се протолкуваат ниту да бидат изведени од Египетските извори, истиот укажува на битноста на конструкторот кој денеска е „виновен“ за археолошкото чудо на Египетското минато.

[1] Хиератско пишување

[2] Куран 28:38

0 views0 comments

Comments


bottom of page