top of page
Writer's pictureinfoislam

Харвард изложи курански ајет на влезот на својата библиотека

Бостон (САД): Правниот факултет на Харвард, една од најпрестижните институции од ваков вид во светот, изложи ајет(стих) од Светиот Куран на влезот на својата факултетска библиотека.

Го опишува стихот како еден од најголемите изрази на правдата во историјата.

Стих 135 од Сура Ал- Ниса (Жена) е објавен е на ѕид со кој се соочува главниот влез на факултетот, посветен на најдобрите фрази кои ја артикулираат правдата:

-О, верници, секогаш бидете праведни, сведочете поради Аллах, па дури и против вас самите или против родителите и роднините! Било да е тој за кого сведочите богат или сиромашен, па Аллахово е да се грижи за нив! Затоа, не следете ги страстите, за да не бидете неправедни! А ако лажно сведочите или сведочењето го избегнувате, па, Аллах, навистина, знае што правите!

Забележав дека стихот бил објавен од страна на правниот факултет, кој го опиша како еден од најголемите изрази за правда во историјата “, рече Абдула Џумма, студент од Саудиска Арабија.

Основан во 1817 година, Харвард е најстариот универзитет со постојано работење во САД и е дом на најголемата академска библиотека во светот.

Според својата официјална веб-страница, изложбата “Зборови на правдата” е сведоштво за истрајноста на копнежот на човештвото за праведност и достоинство преку законот. “Зборовите на овие ѕидови ја афирмираат моќта и непоправливоста на идејата за правда”.

Во уметничката инсталација создадена од Правниот факултет се прикажани околу дваесетина цитати. Трите најистакнати прикажувани на влезот на уметничката инсталација се цитати од Св. Августин, Светиот Куран и Магна карта. Според Харвардската правна школа, овие цитати ја илустрираат универзалноста на концептот на правдата низ времето и културите.

0 views0 comments

Comments


bottom of page