Коментаторите на Куранот се поделиле по прашањето за идентитетот на момчињата спомнати во оваа осумнаесета куранска сура, наречени „ Жители на пештерата“.
Поголемиот број на коментатори сметаат дека тие момчиња биле следбеници на Иса а.с.(Исус), и дека живееле во Палестина за време на владеењето на тиранскиот римски император Декијанос, кој владеел во периодот од 98 до 118. год. по раѓањето на на Иса, а.с., а Палестина ја окупирал 106 година од н.е., присилувајќи го нејзиното население на обожавање на кипови.
Овој ужасен владетел ги прогонувал следбениците на Иса, а.с., едни од нив ги убил, a другитe ги протерал. Поради ова негова тиранија, неколку момчиња, побегнале и се сокриле во една пештера во намера да се засолнат од него. Нив Аллах џ.ш. од својата милост им спуштил муџиза на длабок сон, и со Аллахова волја спиеле триста и девет лунарни години. После тоа Аллах ги разбудил за време на владеењето на императорот Теодосиј кој владеел помеѓу 408 и 450 год. од н.е. Тоа го потврдуваат бизантиските монети откриени покасно во пештерата позната по името Кехф реџииб на локалниот арапски јазик, а во книжевниот арапски тоа е Кехф рекиим, што би значело пештера со натпис. Оваа пештера е откриена во пустината Балка, рамнина во југоисточен Јордан, неколку километри од Оман. Британскиот историчар Едвард Гиббон ја коментирал оваа приказна во своите два дела „Падот на Рим и неговата декаденца“ и Борба помеѓу верувањето и материјата“. Гиббон не верува во вистинитоста на оваа приказна и ја препишува на легендите кој ги измислиле Грците, сметајќи дека не постојат јаки докази за неа. Меѓутоа тој го занемарува најјакиот доказ-пронаоѓањето на оваа пештера со сите карктеристики спомнати во Куранот . Сурата „Кехф“(во превод пештера) ја потврдува муџизата, „Жителите на пештерата“ алудирајќи со тоа на можноста на проживувањето, исто како и другите надприродности спомнати во Куранот, дека се работи многу лесни за Божествената создавачка сила и моќ.
НАУЧНИ ДОКАЗИ ОД ОВОЈ АЈЕТ
Непримерно е за човекот, а често се случува, да појавите и работите околу себе ги мери со човечки мерила и стандарди, заборавајќи при тоа дека моќта на Возвишениот Аллах , Создателот на се постоечко, нема граници и пред неа не постојат никакви пречки:„ И навистина Тој се може, кога нешто сака само за тоа ќе рече:„ Биди“- и тоа ќе биде.“(Јасин, 82) Доколку човекот со своите човечки мерила и стандарди би ги мерел Аллаховите дела, тогаш тие, многу често би се сметале за потполно невозможни. Таквиот пристап кон Божјето создавање е причина поради која неверниците ги негираат видливите муџизи(чуда) подарени од Бога на неговите пратеници и на други одбрани луѓе. Поаѓајќи од гледиштето на човековата моќ, не е можно да се спие триста и девет години, а потоа да се разбудиш со потполно здраво тело. Поради тоа Гиббон како и многу други историчари оваа случка ја ставил во легенди. Иако човечката моќ е е многу ограничена во однос на апсолутната Божествена моќ, денес во време на поплава од разни научни откритија и достигнувања, познато е дека може на одредено време да се сочуваат живи некој човекови органи (срцето, дробот,бубрезите, рожницата на окото, крвта) и да се запре процесот на разорување на ткивата. Процесот на постепено ладење на телото всушност е познат како процес на успорување на метаболизмот и тоа на многу ниски температури кога целото човеково тело може да се сочува. Тоа тогаш почнува да личи на тело на мртовец, но мускулите и сите ткива остануваат сочувани. Денес се случува да личности кој останале затрупани под снег и лед и неколку дена со постепено загревање или одмрзнување, со Божја помош, можат да се вратат во живот. Ако тоа денес станало можност на човекот, па зарем можеме и да помислиме дека постои нешто што не може да оствари Господарот на луѓето? Некој муфесири(толкувачи на Куран) длабокиот сон на Жителите на пештерата го протолкувале со несвестица, меѓутоа познато е дека и најобичната несвестица, доколку потрае подолго без укажување на адекватен третман може да доведе до смрт. Жителите на пештерата спиеле со природен сон, што значи имале потреба од вода, храна и физиолошки потреби. Меѓутоа Аллах, џ.ш., ги стопирал сите животни процеси во нивните тела со својата Божествена волја и ги сочувал нивните тела од распаѓање за триста и девет години поминати спиејќи. Така тие неможеле со ушите да слушаат, со очите да гледаат, ниту да ги мрдаат рацете и нозете. Поради тоа Возвишениот Аллах вика:„ Ние во пештерата тврдо ги заспавме за долги години. После ги разбудивме за да би покажале која од двете групи подобро ќе оцени колку време поминале“(Кехф, 11-12). Човекот, третина од живот го преспива. Познато е дека сонот игра важна улога во развојот на мозокот. Имено, во сонот мозокот е изложен на низа од промени кој влијаат на неговата потполно различна состојба во сонот и јавето. Нервниот сплет на мозочните ќелии не е ист во сонот и во будната состојба, како што не е ист ни распоредот на кислородот и дотокот на крвта во мозокот. Кага спиеме процесите во мозокот успоруваат, како и другите автономни функции(регулирањето на телесната температура, работата на жлездите со внатрешно лачење…) ЦНС– Централниот нервен систем управува со нашата будна состојба, како што влијае и на нивото на сетилност додека спиеме. Иако способноста на мозокот да разликува сетилни информации приметно се намалува при сон, сепак, таа не исчезнува во потполност, бидејќи сите сетила и во сонот и на јаве се изложени на влијанието на мозокот, а тој пак на нивното влијание. Мозокот кој спие ги анализира информациите кој се наоѓаат во ЦНС, а на кој начин тој ги процесира сетилните информации, на научниците сеуште не им е познато. Меѓутоа кога е во прашање сетилото за слух, постојат многубројни теории кој стојат на гледиште дека постои цврста врска помеѓу спиењето и функцијата на слух. За време на спиењето единствено сетилото за слух останува во извесна мерка отворено и способно е да прими одреден дел на звучни сигнали. Тоа е контролор на средината која го опкружува тој што спие. На пример мајката кога ќе заспие може да ја разбуди плачот на детето или некој јак звук. Значи постои врска меѓу звукот и пореметувањето на сонот и тишината и заспивањето. Дотокот на крв во центарот за слух се зголемува за време на испрекинатиот сон, познат под наслов парадоксално спиење. Тоа е спиење кога сме во длабок сон, но нашиот метаболизам не е успорен, нашите очи се вртат во сите насоки, а дишењето и работата на срцето се забрзуваат. Но нашето тело е парализирано, што е природен начин како не би сме дејствувале на нашите соништа. Ова покажува на постоењето на врска помеѓу сонот и фукцијата на слухот. Поврзаноста сонот и сетилото на слух експирементално го докажала Серена Ј. Гондек, студентка на биомедицинскиот инжинеринг на Универзитетот Џон Хопкинс. Оваа студија ја презентирала на еден научен конгрес на 28 април 1998 година. Тогаш таа користела еден број на електични магнети кој дирекно биле спроведени до мозокот во настојување да ги истражи деловите на мозокот кој биле изложени на гласови за време на спиењето. Утврдила дека главниот центар на слухот на двете страни на мозкот, кој се наоѓаат дирекно над ушите ги примаат звучните сигнали за време на будност или јаве, и истата функција ја вршат и за време на спиењето, но во помал степен. Значи дека нашите уши, всушност нашите аудио примачи никогаш во потполност не престануваат со својата функција на примање на звучните сигнали, па дури и кога спиеме. Аллах, џ.ш., е Создателот на човекот , најдобро го познава Своето суштество. Така заспивајќи ги Жителите на пештерата со Својата волја ја стопирал и функција на сетилото за слух , за кое што како што видовме, научно е докажано дека прима во одредена мерка звучни сигнали и тогаш кога спиеме. Оваа муџиза Куранот ја спомнал во седмиот век од оваа ера велејќи: „фе даребна ала азанихим“- „Ние ги заспавме во пештерата за долги години“(ова е описен превод во нашите преводи на Куранот, а дословното значење на овој идиом : „фе даребна ала азанихим“ би бил:„ им ставивме на нивните уши преграда“ т.е., им оневозможивме да слушаат). Овој ајет е еден од многуте ајети кој преставуваат научни докази во време кога никој не би можел да знае за такво нешто. Затоа, што врската помеѓу сетилото за слух и сонот не била позната во време на објавата, а ни многу векови после неа. Куранот многу време пред овие откритија укажал на оваа врска и ја спомнал во Книгата која Аллах ја спуштил на својот Пратеник во време кога поголемиот број на луѓе биле неписмени, и тоа пред 14 векови. Сето ова сведочи дека оваа книга неможе да биде човечко дело туку тоа е Аллахов говор, Фален и Возвишен нека е Тој! Оваа муџиза – Куранот ја спомнал во 7 век велејќи: „фе даребна ала азанихим“- „Ние ги заспавме во пештерата за долги години“(во нашите преводи на Куранот „фе даребна ала азанихим“- описно преведено како ние ги заспавме, а дословното толкување на овој идиом би бил:„ им ставивме на нивните уши преграда“ т.е., им овознеможивме да слушаат) Ова е една од натприродните работи подарена од Бога на момчињата, верниците кој се спомнуваат во сурата „Кехф“.
Друга надприродна работа се однесува на следниот ајет: „ И би помислиле дека се будни, но тие спиеја; И Ние ги свртувавме сега на десна, сега на лева страна, а песот нивни, со испружени предни шепи, на излезот лежеше, па да ги видеше, од нив би побегнал и страв би те фатил.“(Кехф; 18) Се пренесува од Ебу Дерда дека Аллаховиот Пратеник с.а.в.с., рекол: „ Кој напамет ќе ги научи првите десет ајети од сурата Кехф ќе биде сочуван од Деџалот(Антихрист)“ Исто така се пренесува дека Мухаммед а.с., рекол: „ Кој ќе ги проучи последните десет ајети од сурата Кехф ќе биде спасен од искушенијата на Деџалот .“ Овој хадис го пренесува сите хадиски имами: Муслим, Несаи, Ебу Давид и Севбан. „И би помислиле дека се будни, но тие спиеја.“ За наблудувачите од страна кои би ги виделе Жителите на пештерата, не би имало ни малку сомнеж во нивната будност. Поради тоа Аллах, џ.ш., вели: „ И би помислиле дека се будни, но тие спиеја“. Аллах, џ.ш., ги заспал на триста и девет лунарни години, а потоа разбудил за да луѓето знаат дека проживувањето е вистина и дека во тој Час нема ниаков сомнеж. Муслиманите веруваат во Часот на проживувањето и во Аллаховата неограничена моќ, од Него спомнувано низ целиот Куран, кој со Аллаховата волја, веќе 14 векови е сочуван од било какви измени. Оние кој веруваат во Аллах, џ.ш., веруваат и во Неговата безгранична моќ. Меѓутоа оние кој не веруваат сакаат да го споредуваат и мерат Аллаховото дело со човекови параметри, што резултира со неверување во Аллаховите надприродни дела- муџизи, препишувајќи ги на легенди и искривени народни кажувања. Доказот кој на најдобар начин ги отргнува сите сомнежите во вистинитоста на приказната за Жителите на пештрерата е нејзиното пронаоѓање во Јордан, и тоа со сите карктерстики на оваа пештера спомнати во Куранот. За неверниците и многубошците од тоа време, спиењето на момчињата во период од 309 год, а да при тоа нивните тела останат сочувани од распаѓање, било чудно и неприфатливо од аспект на човековиот ум. Денес во ерата на научно- технолошкиот напредок стручњаците можат да ја сочуваат крвта на човекот, и голем број на телесни ќелии и делови на телото со помош на ладење или постепено заладување на телото и телесните органи. Со спротивен процес, т.е., со постепено загревање и подигање на телесната температура можно е да се вратат телото или телесните ќелии во здрава и исправна состојба.
Овој процес познат е под наслов метаболичка инхибиција, која има за улога да се спречува уништувањето на ткивата. Потврда дека ова денес е можно, наоѓаме во многубројните ситуации, кога луѓето останувале затрупани под лед и неколку дена, после што нивните замрзнати тела, со процесот на метаболитичката инхибиција, т.е постепено загревање , и со Божја волја , повторно вратени во живот, На ваков начин во живот се вратени околу десетици луѓе кој биле затрупани во најладните делови на планетата. Ако човекот денес е во состојба вакво нешто да направи, зарем има место за сомнеж во моќта на Оној кој го створил човекот и се околу него, и зарем има место за сомнеж во сонот на момчињата кој Аллах ги заспал за 309 години, после што ги разбудил здрави и живи.
„Ние ги вртевме сега на лева, сега на десна страна“ Научно е утврдено дека доколку човекот не е во можност за ја менува својата положба на телото за време на спиењето или седењето, во тој случај притисокот на телесната маса врз капиларите, хранителите на кожата со крв, кислород и други хранливи состојки, може да предизвика до затварање на тие капилари. Доколку таквата состојба потрае кожно ткиво ќе почне да умира, и на негово место се јавува кожна рана која се нарекува „рана од постелата“ или декубитус. Декубитусот многу тешко заздравува доколку се занемари неговото лекување, а раните настанати од декубитусот во некој состојби стануваат многу болни. Тоа доведува до уништување на ткивата, мастите и мускулите зафатени со декубитус. Ваква состојба може да предизвика и смрт доколку не се превземат адекватни мерки на лечење. Декубитусот воглавно ги зафаќа деловите на телото над коските како што се кичмата, карлицата, зглобовите и лактовите. Опасноста од оваа болест се гледа во тоа колку е длабински зафатено ткивото , отколку неговата површинска распространетост. Четири фази или степени на декубитисот. Во првата фаза кожата е црвена или лилјакова боја, благо запалена и многу осетлива. Раните на кожите предизвикани од декубитисот во втората фаза изгледаат како гребнатини и отоци од кој излегува секрет. Во третата фаза еден по еден слој се распаѓа, па пропаѓа кожното ткиво. Раната станува се подлабока и нејзиното лечење е отежнато и може да потрае подолг период. Во таа фаза раната станува извор на разни воспалителни процеси кој многу бргу се шират на соседните ткива. Последната, четврата фаза, е фаза кога слојот на кожата потполно согорува и раната се пренесува и на мускулните ткива и органи, кој се наоѓаат под неа, т.е коските и зглобовите итн. Многу често таквата рана поцрнува и единствен начин на лекување во овој случај е отсранување на ваквото ткиво, со оперативен зафат. Во спротивно ваквата состојба може да предизвика смрт. Доколи лечењето на декубитисот даде позитивни резултати, сеуште постои опасност да се повтори ако пациентот пак биде изложен на неговиот причинител, затоа што еднаш оштетена кожа тешко се регенерира. Притисокот на телото до границата од 60 мм Хг(живин столб) за еден до два часа може да доведе до почетно разорување на кожата и појава на декубитис, па го забрзува неговото ширење и предизвикува оштетување на кожата. Поради тоа превртувањето или вртетењето на двете страни во текот на спиењето е неопходно за да се зачуваме од декубитисот. Најкраток период за ова се два часа за оној кој лежи или мирува, а петнаесет минути за оној кој седи. Ова е еден блесок на Аллаховата муџиза искажана со зборовите на Возвишениот Господар:„ И Ни е ги свртувавме сега на десна, сега на лева страна“, а се со цел да Возвишениот ги сочува нивните тела од рани на кожата и нивните последици, па да, за оној кој ќе ги погледне изгледаат како живи и здрави. Овој факт не бил познат за време на објавата, а ни многу време покасно. Ние го спознавме читајќи Куран, објавен на последниот Аллахов пратеник с.а.в.с., чии следбеници тогаш воглавно биле неписмени. Сето ова го потврдува фактот дека Куранот може да биде само дело на Возвишениот Господар на се створеното, а никако дело на човеков ум.
Медицински феномен што ги збуни американските научници Скептичарите, секогаш се обидувале да го побијат Чесниот Куран и се обидувале да докажат дека тој и она што се наоѓа во него е во спротивност со науката и веќе откриените научни факти, дека е полн со легенди и приказни кои се далеку од вистината и реалноста и научната логика . Како пример и доказ за своите тврдења ја наведуваат Куранската приказна како што е онаа за момчињата од пештерата (сура Ел Keхф). Во врска со тоа, поставуваат прашања како ова: Како е можно, момчињата да спиеле толку многу години, дека тие спиеле со отворени очи, а потоа се разбудиле? А потоа, неведуваат дека тоа е спротивно на законите од областа на медицината и дека тој феномен не може да се објасни од медицинска гледна точка. Нека е фален Аллах Возвишениот! Кога и да наидете на критика против Куранот – ќе најдете научни откритија кои го потврдуваат и докажуваат спротивното: дека Куранот е вистина, а не она што го зборуваат против него. А тоа е така, затоа што Аллах, субханеху ве тe’aлa, во Куранот вели: „И Аллах не ќе им даде можност на неверниците да ги уништат верници.“ (сура Ен-Ниса, ајет 141.) Ернест Кречмер открил релативно нов феномен во 1940. година, а потоа тој феномен е опишан од научниците Б. Џенет и Ф. Плум и го нарекле “вегетативна состојба”. Во таа состојба, пациентот се наоѓа во состојба на будна кома, но неговите очи се отворени, понекогаш се случува да се насмевнат и чувствува што се случува околу него и може да ја голта својата плунка. Пациентот е во делумно свесна состојба, се чини како да е буден, а всушност е во будна кома. Тоа може да се случи поради повреда или болест. Студијата до која се дошло со користење на FMRI (Functional magnetic resonance imaging = функционална магнетна резонанца), покажува дека човечкиот мозок е активен во текот на кома или во летаргична состојба и дека пациентот во таква состојба може да биде со години.Eве што ги збуни научниците: Што е тоа што го стимулира мозокот? Што е тоа што го одржува пациент во живот, дури и во состојба на целосна несвест? И што е тоа што прави пациентот одеднаш се разбуди и почнува да зборува како ништо да не се случило? На почетокот научниците сметале дека тоа е само состојба на длабок сон, но подоцна станало јасно дека тоа не е сон, туку посебна и необјаснива ситуација и феномен. Овде треба да се напомене и тоа дека пациентот во таква состојба се храни на посебен начин, со храна инјектирана во телото. Научниците велат дека мозокот на пациентот дава знаци кои покажуваат реакции на околината, пациентот може да иницира и да одговора на надворешните стимули, но без свест. Ако го видите, додека е во таква сосотојба, пациентот се чини дека е буден, ако му се обратите, неговиот мозок ќе одговори на наредбите, но пациентот е во летаргија, и без свест.
Момчињата од пештерата Семоќниот Аллах ни кажува за неколку момчиња кои верувале во својотот Господар, и кои избегале од неправден крал, како би ја сочувале својата вера. Тие наоѓаат засолниште во една пештера, и Аллах, субханеху ве тe’aлa, ги почестил со тоа големо чудо да бидат пример за луѓето од нивното време. Аллах, субханеху ве тe’aлa, во Куранот вели: „Кога неколку момчиња се засолнија во пештерата, рекоа: ’Господару наш, дај ни ја Својата милост и дај ни во оваа наша постапка спокојство’ Ние ги заспавме во пештерата за многу години. Потоа ги разбудивме како би покажеле која од двете групи подобро ќе процени колку време тие поминале.“ (сура Ел-Kехф, ајет 10-12) Ако размислиме за оваа приказна, ќе видиме дека е слична на онаа за медицинскиот феномен, според начинот на кој младите од пештерата заспале и превртувале од лева на десна страна. Научниците го скенирале мозокот на пациентот во вегетативна сосотојба и велат дека резултатите од скенирањето покажале дека активностите на мозокот на тие пациенти е сличен на активностите на здравите луѓе. Пациентите изгледаат сосема нормално, и на набљудувачите им се чини како да се будни. Овде ќе ги наведеме зборовите на Возвишениот Аллах, кога зборува за момчињата од пештерата: „Би помислил дека тие се будни, но тие спиеле.“ (сура Ел-Kехф, 18. ајет), и опишувајќи го нивното вртење од десно на лево, што е нормална реакција која ја покажува лицето кое спие, Аллах, субханеху ве тe’aлa, вели: „Ние ги превртуваме еднаш на десната, еднаш на левата страна на …“ (сура Ел-Keхф, ајет 18) Од ова можеме да заклучиме дека Куранскиот опис на приказната е многу логичен, но она што е чудно е тоа што момчињата спиеле многу долго време – 309 години – без храна и вода, и тоа е Аллахово, субханеху ве тe’aлa, давање во кое ние верниците не можеме да се сомневаме. Медицински кажано, спиењето кое трае многу години е нешто сосема нормално. Збунети научници Неколку дена пред пишувањето на овој текст, американска пациентка во вегетативна состојба која шест години се наоѓала во таква состојба, одеднаш се разбудила и почнала да зборува со своето семејство како ништо да не се случило, во свесна состојба била во следните три дена, во тој период нормално зборувала со луѓето околу себе, а потоа повторно се вратила во вегетативна состојба? Лекарите велат дека таа се будела, четири пати во текот на својата летаргија. Она што ги збунува докторите е фактот дека таа состојба не е ни сон, ни кома. Неверојатно е тоа дека Возвишениот Аллах на истиот начин, ја опишува состојбата на момчињата во пештерата кога вели: „Би помислил дека тие се будни, но тие спиеле. “ Научниците сметаат за чудо фактот дека американската пациентка се вратила во живот! Овој феномен ги збунил американските научници, бидејќи не биле во состојба да објаснат, тие ваквите случаи ги сметаат за чуда.
И би поверувал дека се будни, а тие спијат. И ги превртувавме било на левата било на десната страна, а кучето нивно ги беше ги пружило предните нозе кон отворот. И кога би ги видел во бегство ќе се дадеше и страв ќе те обземеше.( Куран 18:18.)
Европската вселенска агенција (ЕСА) се обидува оваа утопија за нас спомната во Куранот да ја претвори во реалност. На оваа програма работат група научници од различни профили при универзитетот во Павија, Италија. На пример, за еден лет до Сатурн, според сегашните достигнувања во техниката, потребни се од 7 до 10 години, а пак доколку би сакале да отидеме надвор од нашиот Сончев систем и да ја посетиме нашата најблиска ѕвезда по Сонцето би ни биле потребни околу 20.000 години. Затоа за вакви патувања ќе биде тешко да се обезбеди човечки екипаж – астронаутите кои би биле испратени на Сатурн кога ќе се вратат на Земјата ќе бидат постари за околу 20 години. Тоа не е единствениот проблем. Во меѓувреме, кај секој од екипажот може да се јават болести, како на пример, разни психички нарушувања поради преголемото престојување во нулта гравитација на која човековиот организам не е навикнат. Затоа пак хибернираното тело е комплетно изолирано, животните фунции се стопирани или пак значително намалени, кај него не може да се развијат болести, не бара храна и вода, што значително би го намалило товарот на вселенските мисии.
Многу од земјите кои учествуваат во вселенските мисии се заинтересирани да испратат човечки екипаж на Марс во догледно време. Овие планови веќе одамна ги имаат зацртано НАСА и Руската вселенска агенција, а од неодамна и ЕСА па дури и Кинеската вселенска програма. Хибернирањето значително би ги олеснило овие мисии, пред се заради заштеда на енергија, простор и храна во вселенските бродови.
Сега се поставува прашањето: Ако Западните научниците со своите сопствени очи гледаат луѓе кои спијат со години и воедно тоа сакаат да го искористат во иднина, тогаш зошто не веруваат дека Чесниот Куран е вистинит, кога зборува за детално за тоа? Второто прашање е: Како Мухамед, салаллаху алејхи ве селлем,ако не е Аллахов Пратеник, би можел да ја опише оваа ситуација во тоа време без технички развој со зборовите: „Би помислил дека тие се будни, но тие спиеле.“ ?! И конечно на крајот заклучок и порака до секој оној кој сеуште се сомнева: „А зошто оние не размислат за Куранот? Тој да е од некој друг, а не од Аллах, сигурно во него би нашле многу контрадикторности.“ (сура Ен-Ниса, ајет 87.)
Commentaires