top of page
Writer's pictureinfoislam

ХОЛИВУД НИ ЈА ОДЗЕДЕ СРЕЌАТА ПА НЕ ДАВАЈТЕ И ВАМ ТОА ДА ВИ ГО НАПРАВАТ!

Гледам разорувања, смрт и уништувања кои му се случуваат на муслиманскиот свет, но забележувам и уште нешто: ТЕ ГЛЕДАМ ТЕБЕ, ЖЕНО МУСЛИМАНКО. Гледам дека убавината на муслиманките сјае и осветлува, иако тие се облечени едноставно и скромно. Не можам, а да не забележам дека скоро секоја муслиманка или носи дете во прегратки или е опкружена со нив…

Но вие не се истакнувате само по надворешната убавина. Забележувам кај себе нешто чудно: ви завидувам, о муслиманки. Се чуствувувам грозно поради страшните неволји и воени злочини низ кои поминуваат вашите народи, но не можам да не се восхитувам на вашата сила, убавина, скромност и што е најбитно на вашата среќа. Да, навистина е чудно, но јас сватив дека вие и покрај  сите несреќи, изгледате многу посреќни од нас. Зошто живеете со природен живот за која тежнее секоја жена.

Со живот кој го живееле жените отсекогаш уште од најстари времиња. Со животот кој и ние на Запад го живеевме се до 60-тите години, а тогаш не нападнаа заедничките непријатели. Само што ние не сме нападнати со вистинска муниција, туку со суптилни мамки и со рушење на нашиот морал…

ХОЛИВУД НИ ГИ РАЗОРИ СЕМЕЈСТВАТА, ПА НЕ ДОЗВОЛУВАЈТЕ И ВАМ ТОА ДА ВИ ГО НАПРАВАТ!

Нас Американците не не нападнаа со борбени авиони ниту со оклопни возила, туку со делувањето на Холивуд. А откако ќе завршат со уништување на  инфраструктурата во вашите земји, тие ќе настојуваат да ве нападнат и вас на ист начин како и нас. Не сакам да ви се случи таа наша судбина. Ќе се чуствувате понижено, токму како ние. А вакво медиумско “бомбардирање“ можете да го избегнете доколку ги слушнете искуствата на оние  кои веќе трпат сериозни последици од нивното зло влијание.

Зошто се што доаѓа од Холивуд се само лаги, извртување на стварноста, димна маска. Тие настојуваат да го представат блудот како наивна  реакција и чин на опуштање затоа што сакаат да ги уништат моралните темели на општеството. Тоа е целта на нивната отровна работа. Ви советувам да не го пиете нивниот отров. Бидејќи после вкусувањето нема враќање назад. Нема серум кој може да помогне ниту противотров. Можете делумно да закрепнете, но нема повеќе да бидете исти. Затоа е најдобро во потполност да се пазите од отровот, отколку да ги залечувате штетите кој тој ги произведува.

Ќе се обидат да ве придобијат со заводливи филмови и музички спотови, лажно представувајќи не нас, американските жени, како среќни и исполнети, горди што се облекуваме како проститутки и задоволни во нашите семејства. Верувајте ми, повеќето од нас не се среќни. Милиони од нас користат лекови против депресија, ја мразат својата работа, и плачат ноќе поради мажите кои ни кажале дека не сакаат, а всушност само не искористиле и потоа си заминале.

Тие сакаат да ги уништат и  вашите семејства и да ве убедат да имате помалку деца. Ќе ви го прикажат бракот како облик на ропство и губиток на шанса за напредување во кариерата, мајчинството како проклетство, а скромноста и чедноста како застарена работа. Тие сакаат евтино да се продадете себеси и својата вера. Немојте на тоа да се согласите!

МУСЛИМАНКО, ТВОЈАТА МАРАМА Е ПОУБАВА ОД МОДНИТЕ ТРЕНДОВИ!

Муслиманки, ве гледам како вредни скапоцености, чисто злато, или бисери од голема вредност за кои се зборува во Библијата (Евангелије по Матеј, 13:45). Сите жени се бисери од голема вредност, но некои од нас се измамени и се сомневаат во вредноста на својата чистотија. Исус рекол: „Не давајте им го она што е свето на кучињата; ниту фрлајте ги своите бисери пред свињите, за да не ги изгазат со своите нозе, и да се завртат и да ве раскинат.” “ (Евангелије по Матеј, 7:6) Нашата вредност е непроценлива, но убедени сме дека сме евтина стока. Верувајте ми: ништо не може да го замени она чуство кога ќе се погледнете во огледало и ќе почуствувате чистина, невиност и самопочит…

Модните трендови кои доаѓаат од западната канализација сакаат да ве убедат дека сексуалноста е ваша единствена вредност. Но прекрасните фустани и марами се многу поубави од западната мода, бидејќи ве покриваат со вел на мистерија и покажуваат самопочит и самодоверба. Женската сексуалност треба да се крие од недостојните очи и да биде дар на човекот кој во толкава мера ве почитува и сака  со вас брак, бидејќи вашите мажи сеуште се мажествени воини, и го заслужуваат од вас она најубавото. Нашите мажи не сакаат повеќе скромност, тие не ги препознаваат бисерите, туку одбираат блескави каменчиња. Само на крај и нив ги фрлаат.

МУСЛИМАНКИ, ЗАШТО НЕ КОПИРАТЕ, А ВИЕ СТЕ ЧИСТИ БИСЕРИ…

Муслиманки, ваши скапоцености  се внатрешната убавина, невиноста и се она што ве прави токму такви какви што сте. Но гледам дека некои од вас ја преминуваат границата и се обидуваат да се “вестернизираат“, па дури оние меѓу вас кои носат марама. Се прашувам зашто ги имитирате жените кои се кајат или наскоро ќе се покајат поради својата изгубена чест?

За нивниот губиток нема надокнада, а вие сте недопрени дијаманти. Не давајте да ве измамат, па да бидете обични камења. Се што гледате во женските магазини и на западните ТВ-канали е ЛАГА. Тоа е ѓаволска измама…

СРЕЌАТА ЗА ЖЕНАТА Е САМО ВО БРАКОТ, А НЕ ВО ВОНБРАЧНИТЕ ОДНОСИ!

Ќе ви откријам една мала тајна, ако ве интересира: сексот пред брак воопшто не е убав. Ние нашите тела сме ги подале на мажи кои сме ги сакале и сме мислеле дека тие поради тоа ќе не засакаат и ќе сакаат да се оженат со нас. Токму како што сме гледале на ТВ. Но тоа воопшто не е убаво, без сигурноста на бракот и без спознанието дека тој ќе остане со вас! Во тоа е иронијата. Само ви остануваат солзи. Ви говорам како жена на жена и верувам дека тоа веќе го знаете. Затоа што само жена може да го  разбере она што се крие во срцето на друга жена.

Ние сме навистина слични. Нашата боја на  кожа, религијата или националноста овде не се битни, бидејќи женското срце е насекаде исто. Ние сакаме. Тоа е она што најдобро го работиме. Ние ги негуваме нашите семејства и им пружаме сила и утеха на мажите кои ги сакаме. Нас, американските жени, не измамија да веруваме дека сме посреќни ако бркаме кариера, ако живееме сами и имаме слобода да даваме љубов на кого и да посакаме.

ТОА НЕ Е СЛОБОДА! ТОА НЕ Е НИ ЉУБОВ! САМО ВО БРАКОТ ЖЕНАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОЧУСТВУВА ДОВОЛНО СИГУРНА ДА САКА!

Немојте да се согласувате на ништо друго! Верувајте дека не е вредно. Нема да ви се допадне и уште помалку ќе се допаѓате на самите себе. И на крај ќе бидете оставени…

МУСЛИМАНКАТА НЕ Е ПОНИЖЕНА, ТУКУ Е ПОНИЖЕНА ЗАПАДНАТА ЖЕНА!

Гревот никогаш не ни се исплати и секогаш не изневерува. Иако сум го сочувала својот образ низ брак, никој не може да ми го надокнади предбрачното губење на честа. На жените од Запад медиумите настојуваат да им го исперат мозокот велејќи им демек жените муслиманки се угнетувани. Но вистината е дека ние сме тие кои сме угнетувани; ние сме робови на модата која не понижува, опседнати со надворешниот изглед и тежина; молиме за љубов мажи кои не сакаат да станат возрасни. Длабоко во нас знаеме дека сме изиграни. Ние потајно ви се восхитуваме и ви завидуваме, иако тоа некои од нас не сакаат да го признаат. Ве молам да не не гледате со омраза и не мислете дека сме задоволни со она што ни се случува. Тоа не е наша вина.

Многу од нас немале татковци да не заштитат кога сме биле млади, бидејќи нашите семејства се разорени. Знаете и сами кој стои зад тоа. Не дозволувајте да ве измамат, драги сестри. Останете чисти и скромни. Ние, жените христијанки, треба да сватиме во што е среќата за жената. Треба да ни бидете пример, бидејќи сме изгубени.

Држете до својата чистотија. Се надевам дека овој совет ќе го разберете на начин како што сакав: во духот на пријателство, почитување и восхит.

Со љубов од вашата сестра христијанка

7. март  2007. Џоана Францис – писател и новинар од  САД

0 views0 comments

Kommentarer


bottom of page