top of page
Writer's pictureinfoislam

Храна која помага полесно да се запомни Куранот

Овие намирници и пијалоци треба да се конзумираат колку што е можно почесто, од кои некои особено пред да се запамети Куранот на луѓе со лоша меморија.

Зем- зем вода

Пратеникот (а.с.) рекол: „Зем зем-вода е наменета за она што ја пиеш.“ (Ахмед) Зем зем-вода се пие пред да го научиш/ запаметиш Куранот со намера за да може полесно да се запамети и да се зајакне хифсот .

Мед

Имамот Зухри кажал: „Користете мед затоа што е добро за хифз(учење напамет).“ Медот треба да се воведе како дневна храна. Доволно е да се консумира една лажичка на ден, и уште подобро е кога медот се меша со вода од извор.

Мисвак

Научниците велат дека мисвакот води кон подобрување на меморијата, го расчистува грлото, помага при засипнатост и грубост на гласот. Мисвакот треба да се користи секојдневно, особено пред да се учи Куранот.

Суво грозје

Пренесено е од улемата и хафизите на Куранот, да се консумира суво грозје за да се изостри меморијата и помогне , особено се мисли кога јадеш жолто суво грозје. Рекол Хашими: „Оној кој сака да го зајакне својот говор и меморија, нека јаде суво грозје.”

Темјан

Запишано е дека еден човек дошол кај Алија, радалаху анху и му се пожалил на лошата меморија, па Алија му кажал: „Користете темјан за да ви го освежи срцето и да го елиминира лошото сеќавање“. Темјанот се користи со џвакање. Темјанот може да се користи и за горење, т.е. кадење и тоа има неговите предности, сепак, се користат за зајакнување на меморијата, што како гума за џвакање се џвака и тоа пред да се учи Куранот. Оваа смола може да се добие од арапските продавници наречени ел-лубан, или продавници за органска храна. Смолата е исто така многу корисна за здравјето на забите и непцата, и ја чисти усната шуплина од бактерии и придонесува за убав здив од устата.


Нар

Слободните радикали во телото се најштетни за невроните во мозокот, а калинката е овошје со многу антиоксиданти кои помагаат да се елиминираат токсините и слободните радикали. Алија, радалаху Анху, кажал: „Јадете калинка затоа што е освежува“.

Лосос

Риба од лосос е богата со масни киселини Омега-3, кои се неопходни за активност на мозокот. Општо, секоја риба е добра и треба да се конзумира двапати неделно.

Пост

Гладот го олеснува помнењето. Тука, освен вообичаениот пост што го знаеме, што е ибадет, би издвоиле и „пост на вода“, кој нема карактер на ибадет, туку се практикува само за здравствени цели. За време на овој пост, само вода во количина што ја сакаме може да се конзумира, и тоа трае од 2 до 7 дена, во зависност од тоа колку време човек може да издржи. Значи, во текот на денот и ноќта, само вода се пие. Овој метод го користеле и некои учењаци, како што е шејх Албани.

Некои придобивки од постот на водата се:

– Губење на тежината

– нивото на шеќер во крвта се намалува

– Помага при обновување на телото

– Го намалува нивото на стрес

– го подмладува телото

– го зајакнува имунитетот, благодарение на подобрата отпорност на клетките

– го намалува и спречува формирањето на канцерогени клетки

– го забавува стареењето

– Го намалува ризикот од срцеви заболувања

– Решава проблеми со дигестивниот систем, како што се гастритис, синдром на нервозно црево, дијареја, гас, диспепсија и слаб апетит.

Преведено од : Незира Умму Мухамед Преземено од предавање на Хафиза од Тунис

0 views0 comments

コメント


bottom of page