Во времето на дамнешните халифи, христијаните, особено оние што биле населени во градовите, поради сопствена и имотна сигурност стекнале уште повеќе богатство.
Муавија (661-680) вработил многумина христијани, па и другите владетели помеѓуУмевиите и Абасиите во овој поглед се повеле по нив. Христијаните на нивниот двор заземале важни позиции. За дворски поет е именуван поетот христијанин по име Ахтал. За време на халифот Мутесим (833-842) двајца браќа христијани ја стекнале довербата на главатарот на правоверните. Едниот од нив, по име Салмавејх, се наоѓал во служба слична на денешната служба на министер на надворешни работи и ниеден владетелски декрет не се сметал за валиден без неговиот потпис. Неговиот брат Ибрахим бил чувар на владетелскиот печат (мухур) и ја надгледувал државната благајна. Не било необично вакво важно место, на кое се располагало со државните финансии и со нивното расходување, да се повери на еден немуслиман. Пријателството на Халифот кон Ибрахим било толкаво што за време на неговата болест лично го посетил и бил толку разжалостен од неговата смрт што наредил во дворот да му се изврши погребот спрема христијанските обреди.
Абдулмелик му наредил на неговиот брат Абдулазиз учител да му биде христијанскиот научник по име Атанасиус. Кога Абдулазис бил именуван за намесник во Египет, Атанасиус таму го придружувал својот стар ученик, така што во Египет стекнал големо богатство. Се зборува дека Атанасиус имал околу четири илјади робови, многу села, куќи, градини, злато и сребро. Неговите синови, исплатувајќи ги платите на војниците, од секој војник земале по еден динар. Кога ќе се земе предвид дека во тоа време во Египет имало околу триесет илјади војници, тогаш можеме да си претставиме колкаво богатство стекнал Атанасиус за време на дваесет и две години живеење во Египет. На крајот на деветтиот век според Иса (Исус), христијанинот по име Ебунух Енбари, додека бил писар на Ебу–Муса б. Елмусах, го употребувал своето големо влијание во корист на своите истоверници.
За време на Мутедид (892.-902.), намесникот Енбар, Омер б. Јусуф бил христијанин. Халифот рекол дека постојат причини зошто на вака важна позиција ставил христијанин, а не муслиман, Евреин или приврзаник на Зороастрината вера. Мувефик, кој за времето на својот брат имал толкаво влијание што тој, всушност, бил вистинитиот владетел, управувањето на војската му го доверил на христијанинот по име Исраил. За време на Муктедир на чело на военото управување бил христијанин.
Наср б. Харим, кој бил главен секретар на Адудут–девлет од династијата Бувејхии (Буиди), која владеела со јужен Иран и Ирак, бил христијанин. Долго време државните установи, а воглавно финансиските, биле полни со обожуватели на огинот и со христијани, кои работеле заедно. И во подоцнежните времиња во Египет, христијаните дошле дотаму што од време на време во свои раце ги држеле официјалните установи. Христијаните, особено во својство на лекари, стекнувале голем капитал и нивната вештина била признаена во исламските куќи. Личниот лекар на Харун ер–Решид бил христијанин под името Џебраил (Габриел), чијшто приход од приватниот имот изнесувал осумстотини илјади дирхеми покрај тоа што преку лечењето, кое го вршел кај Халифот, добивал двесте и осумдесет илјади дирхеми.
Христијаните и во трговијата станале големи богаташи. Фанатиците, тенденциозно искористувајќи ги чувствата на простиот народ, кој се разбудиле од зависта кон имотните христијани, им чинеле насилство. Ако се исклучат овие случаи, христијанската заедница имала чисто автономно управување, бидејќи државата им препуштила на овие заедници независно да управуваат со своите работи. Нивните главатари, за прашањата кои се однесуваат на нивните верници ја вршеле должноста на судии и ја кроеле правината. Немало мешање во нивните манастири и цркви. Само некои од познатите места биле претворени во џамии. До претворањето на црквите во џамии дошло поради нумеричкото опаѓање на христијаните и големиот пораст на муслиманите, така што на тоа не може да се приговара.
Меѓу приказните кои зборуваат за Дамаск е и оваа каде се зборува дека Арапите, кога го освоиле ова место, црквите кои тука се наоѓале ги разделиле по половина на муслиманите и на христијаните и дека еден заповедник со меч во раката продрел во градот на источната врата, а вториот влегол на западната со договорот за предавање. Дека овие кажувања се неточни докажано е со подоцнежните критички испитувања. Исто така со внимателно истражување и со топографија на големата црква ст. Јеан (Св. Јован) е докажана невозможноста на верзиите на некои арапски историчари дека оваа катедрала е употребувана како заеднички храм на муслиманите и христијаните (имено, дека муслиманите во еден дел од таа црква му се молеле на Бога). Сепак верувањето на спомантите историчари дека ваквиот распоред траел осуманесет години е доказ за слободата на христијаните на самиот почеток во поглед на вршењето на религиозните обреди.
Во ова прашање мнозинството исламски правници е спротивно на пресудите на најлибералниот правец (мезхеб) –ханефијскиот. И навистина, според ханефијските пресуди, во рамките на исламските граници, иако не е дозволено градење на нови цркви и синагоги (хаври), сепак е дозволено да се градат онаму каде што отпрвин биле, но се урнале. Дозволено е да се поправи и онаа што е во урнувачка состојба. Инаку може да се изгради црква или синагога во селата во кои нема исламски обележја. Според некои правници, привилегиите во овој поглед се различни според склопените договори со зимиите(штитениците на исламската држава). Во местата што се одземени со борбаапсолутно не им е дозволено на зимиите да изградат храм. Само доколку во овој поглед постои некаков договор, слободни се да градат било цркви било хаври (синагоги). Меѓутоа, исламските правници, занимавајќи се со ова и изнесувајќи слични разгледувања, како и нивни одредби во овој поглед, имале малку влијание со вистинската состојба на работите. Улемите се сложиле во мислењето дека во едно место кое го засновале муслиманите, на зимиите не им е дозволено да изградат храм, а во градот Каиро, кого го изградиле муслиманите, коптската верска заедница изградила цркви. Така и во многу други места кои ги основувале муслиманите, христијаните изградувале нови цркви и манастири. За вака одново изградени цркви има многу примери кои ги наведуваат како исламските, така и христијанските историчари. На пример, за време на Абдулмелик (685–705.), богаташот Атанасиус во неговиот роден град Одеса дал да се направи црква, која ја посветил на св. Марија, и крстилница, која ја посветил на Исус. Нивниот нацрт, како се зборува, е испратен на кралот Абгар. Овој човек дал да се направат многу цркви во Египет, од кои најпознати се оние две кои се наоѓаат во Фустат. Некои христијани меѓу достоинствениците на египетскиот намесник Абдулазиз, братот на Абдулмелик, дале во Хелаун да се направи црква посветена на св. Јован. Ова место го основале муслиманите.
Во 711–та година, со согласност на халифот Велид (705.-715.) во Антиохија е изградена црква за христијаните-„ јакобити“. Извршени се особени церемонии по повод свеченото отворање на црквата, која инаку во втората година од владеењето на Језид II(720.) за себе ја изградил јакобитскиот патријарх во Антиохија Маралиас, со свештенството и монасите. Следната година во селото Сермада во околината на Антиохија, по повод извршувањето на церемониите за свеченото отворање на црквите, црковните достоинственици биле изложени на протест, но тој протест доаѓал од страна на приврзаниците на една друга христијанска секта која се натпреварувала со оваа. Халид ел–Касри, кој бил арапски намесник на арапскиот и персискиот Ирак од 724. година до 738., дал да се направи посебнацрква за својата мајка, која сакала да остане во христијанството. За време на владеењето на халифот Мехди (775-785.) во Багдад е направена црква за христијаните кои паднале во ропство во многубројните војни што се воделе со Византиската Империја. За време на владеењето на Харун ер–Решид (786.-809.) поради осигурувањето на протекторатот од страна на населението на Семава направена е една црква. За време на владеењето на истиот халиф несторијанскиот патријарх во Басра добил дозвола во неа да гради црква, а нејзините (на Басра) темели се поставени во 638. (17.) година во времето на халифот Омер, изградена е болскава црква во Бабилон, каде се наоѓаат гробовите на пратениците Данијел (Даниил) и Зекерија (Захарја). Халифот Мемун (813.-833.), кога одел во Египет, дал овластување на двајца свои достоинственици на ридот Мукатаму во околината на Каиро да направат црква. Несторијанскиот патријарх Тимотеус, кој умрел во 820. година, дал да се направи црква во Текрит, а во Багдад манастир. За времето на владеењето на петтиот фатимијски халиф во Египет, Захир (1020.-1035.) изградена е црква во самата Џеда, Саудиска Арабија.
Со воспоставувањето на исламската власт, толерирањето на христијанските цркви не е повредено туку спротивното: несторијанците, според податоците кои се земени од нивните историски дела, покажале вонредно будење и активност во религиозниот живот и ревноста откако потпаднале под исламска власт. Владетелите на Персија, каде што оваа секта била распространета, еднаш би ги штителе, а потоа би ги изложувале на насилство. Кога би настанала војна меѓу Персија и Византиската Империја, тие би се наоѓале во многу опасна положба. Поради нивната наклонетост спрема непријателот, Персијансците со нив би постапувале многу грубо. Но за време на државното управување на халифот, нивната сигурност, која ја постигнала во рамките на своите покраини, одела дотаму што им е овозможено од своите покраини да испраќаат верски мисионери. Нивните мисионери, кои ги испраќале во осмиот по ред век во Индија и Китај, стигнале дури до епископски позиции. Откако настапиле и се вцврстиле во Египет, христијанството го прошириле уште во централна Азија. Дури и покрстиле многу Татари во единаесеттиот век.
Не треба да се обвинува исламската управа зошто другите христијански заедници не покажале поголема активност. Исламската централна управа на сите подеднакво им излегувала во пресрет, дури и повеќе, ги спречувала нападите едни на други. Во петтиот век несторијанскиот епископ со име Барсаума, за да може жестоко да ги прогонува приврзаниците на православната црква, го убедил царот на Персија дека Несториус им енепријател и како доказ ги споредувал своите верски прописи со верските прописи на Персијанците. Се зборува дека во овие прогонства се искасапени 7800 православни свештеници, како и огромен број на лаици. . Врз православните се направени насилства и за време на Косроес II (Хосрев), откако Херакле навлегол во персиската земја. Но, и овие насилства настанале поради тоа што еден приврзаник на христијанската јакобитска секта успеал да го увери владетелот на Персија дека православните се наклонети кон Византија. Само исламот со своите прописи за толеранција ги спречува ваквите дела што ја рушат правината. Напротив, јасно е дека настојувал да постапи праведно со сето христијанско подаништво. Искористувајќи ја оваа праведна постапка на еднаквост, јакобитите, по освојувањето на Египет, кога виделе дека византиските чиновници се протерани, побрзале да ги присвојат православните цркви. Но, при установувањето на сопствеништвото, од страна на муслиманите е наредено тие да им се вратат на сопствениците.
„Историја на пропагација на исламската вера“ – Сер Томас Арнолд
תגובות