Кога срцето ќе се пробуди и ќе стекне бесирет(проницливост), ќе прогледа и ќе тргне со намера и искрена одлучност.
Тоа цврсто ќе намери да крене на пат на хиџра(преселба) према Аллах џ.ш. Сега срцето е потполно убедено дека нема друг спас освен следење на патот на оваа хиџра. Се подготвува за пат, го подготвува снабдувањето за денот на поаѓање и ги прекинува сите врски кои го спречуваат да излезе на оваа Пратеничка патека, ги отфрла сите пречки и тргнува на патување на срцето.
Писателот шејх Ел Хереви вака го дефинира Касдот:
„Тоа е намера која донесува задоволство, ослободува од двоумење и повикува кон напуштање на сето тоа што одвраќа од Аллах.“
Таа(намерата) поттикнува на духовен пат без застанување и двоумење , само со цел на робување, а не поради некоја друга цел, како што лицемерството(ријалукот) прави да човекот сака да биде виден или познат, или да го пофалат, да бара углед или место помеѓу луѓето. Не постои друг начин освен искрено да Му се робува на Аллах џ.ш. Тогаш човек прекинува секаква врска која го заведува од целта, открива секаква прекривка, секоја тешкотија на тој пат за него станува леснотија. Срцето заради постигање наспознајата, се покорува и се предава на прописите на верата. Срцето се покорува на верското знаење за да со тоа се поправи и да се одгои. И секој пат кога верската наредба ќе го повика срцето се отповикува. За секое верско прашање постои гласник кој повикува на верување со знаење и со дело. Срцето се отповикува спрема наредбата на верувањето и го разбира повикот и постапува според тоа. А што се однесува до тајните на срцето и мудроста која повикува на шеријатските прописи, отповикот кон нив е дополнителен момент на покорност. Тие тајни и мудрости повикуваат кон љубов и славење, спознајата и благодарноста.
Шеријатскиот пропис (хукм) повикува кон покорност, а тој во својата бит содржи мудрост и цели кои се повик кон спознавањето и љубовта.
„Степен на духовно воздигање“ Ибн Кајим ел Џевзије
Comments