Бог во Куранот рекол за еден од лошите неверници кои му забранувале на Веровесникот Мухамед да се моли во Ќаба: „Но, не! Ако не престане со тоа, Ние навистина ќе го фатиме за чело, за челото лажно и грешно!“ (Куран, 96: 15 – 16)
Зошто Куранот ни опишува дека од предниот дел на главата, доаѓаат лажењето и грешењето? Зошто Куранот едноставно не вели дека таа личност е лажго и грешник? Која е врската меѓу предниот дел од главата и лажењето и грешењето? Ако погледнеме во черепот на предниот дел од главата, ќе ја видиме префронталната област на мозокот (види слика 12). Што ни вели психологијата за функционирањето на оваа област? Книгата насловена како „Основите на анатомијата и психологијата“, за овие области ни вели: „Мотивацијата и намерата, за планирање и започнување на движења се случуваат во предниот дел на черепот, префронталната област. Ова е е регионот на асоцијативната кора.“ Исто така во книгата е напишано: „Во врска со вмешаноста на мотивацијата, префронталната област исто така се претпоставува дека е центарот за агресија.“
Значи, оваа област на мозокот е одговорна за планирањето, мотивирањето и започнувањето на доброто или грешното однесување и исто така е одговорна за зборувањето на лаги или зборувањето на вистината. Според ова, погодно е да се опише предниот дел одговрен за лажењето и грешењето, како што стои во Куранот за оној кој лаже и прави гревови: „… за челото лажно и грешно!“ Функционалните региони сe на левата хемисфера на мозочната кора. Префронталната област е лоцирана во предниот дел на мозочната кора. („Основите на анатомијата и психологијата“ , стр. 210)
コメント