top of page
Writer's pictureinfoislam

ЦИГАРИТЕ МОЖЕ ДА ВИ ГО УНИШТАТ И ЗДРАВЈЕТО И КАРИЕРАТА

Според едно неодамнешно истражување, пушењето цигари не влијае само на вашето здравје, туку и на вашата работа.

Поврзаноста на пушењето цигари и невработеноста се појавувала и во поранешни истражувања. На пример, едно истражување од 2012 година покажало дека невработените лица имаат двојно поголема веројатност да пушат цигари, отколку оние кои се вработени. Но, не е познато дали оваа поврзаност е причинска или последична, односно дали пушењето ја поттикнува невработеноста или едноставно невработените луѓе пушат повеќе цигари како резултат на стресот.

„Не е познато дали пушачите потешко наоѓаат работа или полесно ја губат, или пак кога непушачите ќе ја загубат работата почнуваат да пушат“, вели Џудит Прочанска, главниот автор на истражувањето.

За да го разјаснат ова, истражувачите од Медицинскиот центар на Универзитетот Стенфорд спровеле истражување и анкетирале 120 невработени непушачи и 131 невработени пушачи на почетокот на истражувањето и потоа после 6 и после 12 месеци.

После 12 месеци, само 27% од пушачите нашле работа, во споредба со 56% од непушачите. Покрај тоа, пушачите во просек заработувале 5 долари на час помалку од непушачите.

Ова истражување не ги разгледувало причините за ова, но постојат други истражувања кои претходно го испитувале овој проблем. Така, едно истражување од 2013 година открило дека пушачите ги чинат работодавците дополнителни 5.816 долари за здравствена заштита и загубена продуктивност како резултат на паузите за цигара. Исто така, пушачите се соочуваат со серија здравствени проблеми, од замор и кашлање па до сериозни заболувања, како рак, хроничен бронхит или срцеви проблеми. Дури и ако се обидат да се откажат, симптомите може да доведат до боледување. Со овој финансиски товар на ум, работодавците кои ќе помирисаат чад од цигари на облеката на испитаникот за време на интервјуто за работа, може едноставно да се одлучат да ја вработат „поздравата варијанта“.

smoke-break1

Истражувачите нагласуваат дека се потребни дополнителни истражувања бидејќи пушачите кои учествувале во ова истражување биле помалди, посиромашни и помалку образовани од непушачите, што може да влијае на можноста за вработување.

Истражувачите веќе работат на ново истражување во кое пушачите кои бараат работа добиваат помош за полесно да се откажат и ако откако ќе се откажат успеат полесно да најдат работа, тогаш истражувачите ќе го имаат потребниот докза за да заклучат дека пушењето навистина негативно влијае на работата.

0 views0 comments

Comments


bottom of page