top of page
Writer's pictureinfoislam

ЧИСТОТИЈАТА И ХИГИЕНА ВО ИСЛАМОТ

Мухаммед ﷺ кажал: „Чистотијата е половина вера.“ Ова го потврдила и науката, бидејќи навистина чистотијата спречува поголем број на заразни и други видови на болести. Поради тоа, верникот преку намазот кој е обврзан со абдестот мора постојано неколку пати на ден да се одржува и чисти. Тука спаѓа и капењето кое најмалку еднаш неделно е задолжително, особено за денот на Џума (Петок). Капењето е задолжително после интимниот однос со сопругата, после завршувањето на менструација на жената, а пожелно е и после смрдеата на самото тело од пот и работа. Сечењето на нокти и отстранување на влакната е нагласено во познатото предание за петте вродени својства кое било традиција и пракса на поранешните пратеници. Аллаховиот Пратеник ﷺ рекол: „Постојат пет вродени природни својства: обрежување, чистење влакна од срамните места, сечење нокти, отстранување влакна од под пазув и кратење на мустаќите.” Човековото тело има потреба од јадење и пиење. Храната е основен елемент за одржување на неговото тело. Затоа гледаме како исламот му наредува на верникот да се храни со дозволени и убави работи. Семоќниот вели: „О верници, хранете со со убавите работи кои ве снабдевме и бидете благодарни на Аллах, ако Него Го обожавате.“ (Куран; Бекаре, 172) Од тој аспект исламот им забранува на своите следбеници одредени работи, и тоа исклучително поради нивната штетност. На муслиманот строго му е забрането конзумирање на алкохол, а на разумниот човек познати се неговите штетни последици. Значи во основа се што е штетно му е забрането на човекот, што е голем показател на совршенството на исламот и неговата неизмерна грижа за здравјето на човекот. Замислете која е користа со забраната на проституцијата, која денес, е главна причина за многу светски неизлечиви болести како што се Сида, Сифилис, Гонореја, Трипер итн. Како што веќе напоменавме, исламот наредил лекување и барање на лек во случај на болест. Мухаммед ﷺ наредил лечење преку пост, па рекол: „Постот е штит и заштита (од болест).“ Исто така кажал: „Навистина вие имате должности кои мора да ги исполните према своето тело.“ Аллах џ.ш. во Куранот укажува и на посебен вид на лек, а тоа е медот. Мухаммед ﷺ напоменал: „Држете се за два лека: Куранот и медот.“


Во оваа книга ќе ги спомнеме некои од многубројните лекови и мерки кои ги нуди исламот за зачувување на здравјето, бидејќи златното правило гласи заштитата е повредна од илјада лекови. Денеска со развојот на медицината, со развојот на техниката и испитувањата кои се вршени, препораките на Мухаммед ﷺ се директен доказ за наднаравната содржина на неговите зборови, како и праксата на која тој не поучил.

6 views0 comments

Comments


bottom of page