Абдуррахман б. Авф, р.а., рекол: „Имотот ми е драг, бидејќи со негова помош го чувам својот образ и се приближувам кон мојот Господар!“
Чување на потомството
Исламот е тој кој посветува големо внимание на зачувување на човештвото, семејството, лозата и племето, без што нема нормален и здрав живот. Зиналукот, вонбрачниот секс, хомосексуализам, педерството, лезбејство и сите останати болести се појави строго осудени од исламот, зошто сите по ред удираат во самиот корен на човештвото и работат на негово самоуништување и исчезнување и како такви се сметаат за болен начин на живот, никако за здрав и напреден стил на живот, како што некои се обидуваат да ни го претстават – пакувајќи ги сите наведени девијации во склоп на некакви човекови права и личен избор. Ако не дозволуваме на луѓето да се убиваат или да убиваат, да се удираат и навредуваат како што тие сакаат и лично избираат, па во тие прашања на државно ниво, им ја ограничуваме слободата, исто така и по овие прашања треба да им се ограничува слободата, болната слобода, за доброто на општеството, заедницата и целото човештво! Аллах џ.ш.вели: „И не приближувајте му се на блудот, бидејќи тоа е разврат, колку лош пат е тоа!“ (Ел Исра, 32.) Поради остварување на ваков начин на живот исламот пропишува веридба, склопување брак, одгледување деца, чување на роднинските и пријателските врски, свртување на погледот, шеријатско облекување, забрана на мешање на мажи и жени, нивно осамување и на крајот и шеријатска казна за повредување на овој Божји ред. Во врска со кој Аллах џ.ш., вели: „Блудникот и блудничката искамшикувајте ги со сто удари, секој од нив, и при извршувањето на Аллаховите прописи нека не ве обзема никакво сожалување кон нив, ако верувате во Аллах и во оној свет, и при нивното казнување нека присуствува една група верници!“ (Ен Нур, 2.)
Поради непочитување на Божјите правила, човештвото чиј дел сме и ние, се соочува со следните зарази и болести кои ниту случајно не представуваат здрав стил на живот! Во Америка е проценето дека 65 милиони луѓе боледуваат од полно преносливи болести, што е одприлика 21.3 % Американци т.е., една петтина од нивното население.
Постојат многу типови на сексуално преносливи болести и вируси: Кламидија, Микоплазна, Уреаплазна, Кондиломи (Полови брадавици, Генитални брадавици), Генитален Херпес, Уринарни инфекции ) Инфекции на уринарниот тракт, Инфекции на мочните канали) кои не спаѓаат во полови болести но благодарение на половите болести во голема мера се пренесуваат, потоа Шуга, Вошки, Гонореа (трипер), Сифилис, Трихомонијаза, ХИВ Сида, Хепатитис Б, Хепатитис Ц, итн., што е се само потврда на зборовите на Аллаховиот Пратеник с.а.в.с., кој рекол: „О групо на мухаџири, има пет работи со кои ќе бидете искушувани, а јас го молам Аллах џ.ш., да ве сочува од нив: Кога во еден народ ќе се појави зиналукот и ќе се распространи до таа мера што јавно ќе се прави, во него ќе се појават куга и болести кои не постоеле меѓу нивните предци кои живееле порано!(Ибн Маџе)
Зачувување на имотот
Аллах џ.ш., вели: „Имотот и синовите се украс во животот на Овој свет…“(Ел Кехф, 46)
Некој човек од племето Бени Муџашија му се приближил на Аллаховиот Пратеник с.а.в.с., и го прашал: „О Аллахов пратенику, зарем не сум јас најдобар од моето племе!?“ Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. му одговорил: „Ако имаш разум имаш вредност, а ако имаш убаво воспитување – имаш човечност, а ако имаш имот – тогаш и се прашуваш, а ако имаш вера – тогаш имаш и богобојазност!“ (Китабул – Муруех, Ибнул – Мерзибан, бр.6)
Ибнул – Џевзи, рхм, рекол: „Аллах џ.ш. е тој кој цени и вреднува имот, наредувајќи ни да го чуваме, правејќи го потпора на чесниот човек, па вели: „И на малоумните не им го давајте имотот кој Аллах ви го доверил на управување…“(Ен Ниса, 5)
Аллах џ.ш., ни забранува да даваме пари на луѓе кои не се разборити, велејќи: „…а ако се уверите дека се зрели, тогаш, врачете им ги имотите нивни!“ (Ен Ниса, 6)
Аллаховиот Пратеник с.а.в.с., му рекол на Саад б. Ебу Веккас, р.а.: „Своите потомци да ги оставиш богати подобро ти е отколку да ги оставиш сиромашни па да просат од луѓето“, или: „Не ми беше добар ничиј имот онака како што ми беше имотот на Ебу Бекр!“ (Телбису Иблис, стр.157-158.)
Со имотот човекот го чува своето достоинство и честа, се помага во верата, ги зближува родбините и пријателите, додека со губењето на имотот човекот губи на својата цена и се има малку страв од него, а оној на кого луѓето не се надеваат и оној од кого не стравуваат – обично со таквиот луѓето се поигруваат, па затоа е обврска на секој човек да држи до себе и до својата чест и да работи и да се труди чесно и со халал да го заработува својот имот.
Еден мудрец го советувал својот син со зборовите: „Синко мој, работи и заработи имот, зошто во имотот нема ништо освен гордост на срцето твое и понижување на срцето на твојот непријател во него има доста корист и фајде!“
Други рекле: „Нема хаир во човекот кој не работи и не заработува за да ја чува својата чест, достоинство и човечност, и како би ги спојувал роднинските врски!“
Абдуррахман б. Авф, р.а., рекол: „Имотот ми е драг, бидејќи со негова помош го чувам својот образ и се приближувам кон мојот Господар!“
Суфјан ел – Севри, рхм, рекол: „Имотот е оружје на верникот во ова време!“
Многу се преданијата кои зборуваат за вредноста на работата и стекнувањето на халал имот и во што се човек може да се помага со него, па поради сите тие вредности врзани за имотот, Аллах џ.ш., пропишал строга казна за оној кој ќе го повреди туѓиот имот со крадење или на некој друг начин!
Аллах џ.ш. вели: „На крадецот и на крадливката отсечете им ги рацете нивни, тоа нека им биде казна за тоа што го сториле и опомена од Аллах! А Аллах е Силниот и Мудриот!“(Ел Маида, 38)
Туѓиот имот покрај класично крадење може да се повреди и преку измама, грабење, корупција, камата, мито, коцкање и разни други економски малверзации, што севкупно води кон колективно осиромашување, со што човек на крај ја доведува и својата вера во прашање, зошто Аллаховиот Пратеник с.а.в.с., рекол: „Сиромаштијата за малку да не стане неверство!“
Comments