Познатиот швајцарски теолог др. Ханс Кунг, кој е, меѓу другото, познат по своите ставови и верувања дека Исус е само човек и избран Божји пратеник(библиски пророк) за Божјиот пратеник Мухаммед нека е Божји мир и спас над него.
Tој рекол:„Мухаммед е Божји пратеник во вистинска смисла на зборот. И повеќе не можеме да го негираме фактот дека Мухаммед е вистинскиот водач на патот до спасението.“
Она што го карактеризира животот на пратеникот Мухаммед, е фактот дека нашата историја го има сочувано комплетно неговиот живот, биографија и сите негови особини, функции како и тоа дека неговиот живот и биографија не се’ мистерија и контрадикторност/двосмисленост. Овој факт е признат од многу западни историчари.
Така британскиот историчар Арнолд Тојнби вели: „Оние кои сакаат да ја студираат сјајната биографија на Божјиот пратеник Мухаммед, ќе најдат многу списи и документи кои не може да се најдат за ниту еден друг Божји пророк(пратеник).“
Едно видео плус кое зборува за тоа што другите познати ликови, интекелтуалци, историчари, филозофи рекле за Божјиот пратеник Мухаммед:
Comments