top of page
Writer's pictureinfoislam

Швеѓанец нападна мигранти со меч


Антон Лундин Петерсон, дваесет годишен Швеѓанец вчера изврши напад врз едно училиште во Шведска. Притоа тој искасапи и тешко рани со меч две деца на имигранти и притоа го уби учителот Лавин Ескандор по потекло од Ирак, кој се обиде да ги одбрани животите на неговите ученици. Шведската полиција го рани дваесет годишниот Лундил, по што истиот почина. Тоа што е особено интересно е однесувањето на шведските и светските медиуми. Најпрвин владееше еден молк поради непознавањето на мотивите и имињата на жртвите. Откако се увиде дека не се работи за муслиман-напаѓач, туку дека се работи за муслиман – жртва, известувањата добија сосема друг контекст.

Слично на ова, пред некоја година, Андреас Брејвик го стори најголемиот  терористички напад во Европа по Втора светска војна извршен од страна на екстремен христијански следбеник. Нормално беше да се очекуваат и многу други слични напади од екстремисти кои во име на христијанството ќе извршуваат убиства и други кривични дела. Но и покрај тоа медиумите не беа конструктивни.

Што требаше да се очекува од медиумите? Зборови на извинување?Пардон? Сочуство за жртвите?

Не, напротив! Денеска е многу битно правилно и недвосмислено да се именуваат за терористи оние кои ги тероризираат невините граѓани на било кој дел од светот. Небитно на нивната религија и потекло, тероризмот може да потекнува од различни групи и да поседува различни мотиви, може да биде државен и индивидуален, организиран и спонтан, меѓународен и локален, но во сите случаеви најголеми негови жртви се невините и обични граѓани, тие кои што посакуваат нормален и вообичаен семеен живот. Имигрантите кои дошле во Европа со надеж дека ќе најдат мир и достоинство, сега се под удар на еден друг бран на насилство кој потекнува од неонацистички десничарски групи кои под  дејство на пропаганда на медиумите и несериозните политичари, се под директен удар на виснатиот меч на Демокл. Тој меч почна да се спушта директно на најнемоќните суштества, а тоа се децата. Денеска, повеќе од кога, медиумите молкум го следат крвавиот пир на Европа која за жал си ја менува кожурката и се трансформира во еден пират кој е спремен да ги напушти довчерашните официјални служби и адмиралски титули и да вплови во немирните води на средовековните крсташки походи. Неонацизмот кој се роди до само пред неполно столетие како воскрснат вампир повторно почнува да ја занишува Европа и нејзините „вредности“.

Но сожалувањето и оплакувањето нема да ја намалат болката. Именувањето на работите со право име ќе помогне да се создаде вистинската слика, а со тоа и ќе бидат познати превентивните мерки на можните идни настани. Антон Лундин смело нападнал училиште на деца на муслимански имигранти. На неговиот фејсбук профил се гледа дека отворено го подржувал нацистичкото движење.

За тоа сосема јасно дело на терор, не се здоби со епитетот на терорист, ниту медиумите го оквалификуваа нападот со меч како дело на тероризам. Да преживееше, а Бог најдобро знае, како и на Брејвик, веднаш ќе го прогласеа за луд, иако самиот Брејвик се гордееше  со 1000-те страници од својата книга каде ги навел сите свои неонацистички мотиви и идеолошки  убедувања. Младиот Антон и неговата омраза сигурно не настанала преку ноќ. Таа е продукт на се поголема исламофобија која како пожар се шири во различни делови на Европа. Европа сеуште има можност да се поправи и сеуште се наѕираат либерални сили кои се обидуваат да го победат растечкото незадоволство и омраза која ја распламтуваат десничарските неонацистички групи.

Навремената превенција и изолација на овие организации и индивидуи може во голем број да помогне да се спречат се поголемиот број на напади на кои се изложени муслиманите. Доколку Европа не го препознае ова денес и не ги детектира и отстрани негативните причинители, за жал ќе мора наскоро да живее во едно време кое најмногу наликува на нацистичко и предвоено расположение. Понатаму сите го знаеме сценариото.

1 view0 comments

Bình luận


bottom of page