top of page
Writer's pictureinfoislam

Штетноста од хомосексуализмот

За сполните аномалии како што е хомосексуализмот, инцестот и слично во Куранот на многу места се спомнува штетноста и забраната на истото како крајно деструктивно по природата на човекот и на општеството воопшто. Во тие кажувања се спомнува и казната која е спуштена по тој повод. Тоа е врзано за кажувањето за Лут а.с. кој бил внук на Ибрахим а.с. и бил верник и следбеник на Ибрахим а.с.. Кога Ибрахим а.с. го напуштил својот дом во Калдеа и отишол во Сирија и Палестина, Лут а.с. тргнал со него во доброволно прогонство. Народот на Лут а.с. кој бил огрезнат во неморал му се смеел на него со следниве зборови: ”…имате односи со мажи, на патиштата пресретнувате и на собирите свои најодвратни работи правите“, одговорот на неговиот народ беше: „Направи Аллаховата казна да нè стигне, ако вистината ја говориш!“ Куранот изнесува приказна како Бог ги уништил жителите на тие градови, освен Лут ﷺ и верниците што го следеа: – „А на жителите од овој град ќе спуштиме страшна казна од небото, поради тоа што се развратници. И од него оставивме видливи остатоци за луѓето кои разум ќе имаат.“ (Ел Анкебут, 29:34-35) Казната била сулфурен дожд кој во потполност ги прекрил градовите нивни со можни земјотреси или вулкански ерупции. Исто така има предание кое кажува дека ангелот Џибрил (Гаврил) а.с. го подигнал тоа место со едно свое крило до небото и пота го срамнил со земја. Во Библијата постои тоа место под назив Содома и Гомора. Всушност библиската приказна не кореспондира со најновите научни испитувања кои укажуваат дека местото Содома и Гомора е срамнето со Земја до тој степен што скелетите на луѓето пронајдени на уништените места укажуваат скршеници кои настанале од силен притисок или удар кој настанал од воздух. Поради непочитување на Божјите правила, човештвото чиј дел сме и ние, се соочува со следните зарази и болести кои ниту случајно не представуваат здрав стил на живот! Во Америка е проценето дека 65 милиони луѓе боледуваат од полно преносливи болести, што е одприлика 21.3 % Американци т.е., една петтина од нивното население. Постојат многу типови на сексуално преносливи болести и вируси кои се последица на хомосексуализмот. Меѓу нив се кламидија, микоплазма, уреаплазма, кондиломи, генитален херпес, уринарни инфекции (инфекции на уринарниот тракт, инфекции на мочните канали) кои не спаѓаат во полови болести, но благодарение на половите болести во голема мера се пренесуваат, потоа шуга, вошки, гонореа (трипер), сифилис, трихомонијаза, ХИВ, хепатитис Б, хепатитис Ц, итн., што е се само потврда на зборовите на Аллаховиот Пратеник с.а.в.с., кој рекол: „О групо на мухаџири, има пет работи со кои ќе бидете искушувани, а јас го молам Аллах џ.ш., да ве сочува од нив: Кога во еден народ ќе се појави блудот и ќе се распространи до таа мера што јавно ќе се прави, во него ќе се појават куга и болести кои не постоеле меѓу нивните предци кои живееле порано!“ Покрај хомосексуалните бракови денес се во тренд посвојувања на деца во заеднички живот со хомосексуални парови. Со цел да ги задоволат своите потреби за родителство, тие одлучуваат да растат и воспитуваат деца во хомосексуална животна средина. Тоа има големо штетно влијание врз децата и во психологијата ова се нарекува „моделирање“. Она што децата ќе го видат го сметаат за исправно и тие ќе го повторат истиот модел. Тоа, исто така, придонесува за проширување на ова зло и неприроден однос кој му штети на нормалниот развој на семејството и општеството.

0 views0 comments

Comments


bottom of page