top of page
Writer's pictureinfoislam

Штетното дејство на марихуаната

Ве заколнувам кажете ми кој од вас би си ставил отров за глувци во јадењето кое највеќе го сака?

Дали сами би се отруле? Пратеникот Мухаммед а.с. кажал: „Се што опива е забрането“. Исламот не учи дека се што му штети на телото дека е забрането и дека за сето тоа ќе сносиме последици:

„..И слухот, и видот, и разумот – за сето тоа навистина ќе се одговара.“(Куран, 17/36)

Постојат многу клинички студии кои го испитувале штетното влијание на канабисот врз здравјето на човекот.

Марихуаната ја оштетува ДНК молекулата кај човекот

Според истражувачите, постојат сигурни докази дека димот од канабисот ја оштетува ДНК молекулата кај човекот. Ова оштетување на ДНК молекулата го зголемува и ризикот за појава на рак.

Научниците од Велика Британија откриле, во лабораториски услови, дека димот од канабисот ја оштетува молекулата на ДНК. Своите истражувања ги објавиле во „Chemical Research in Toxicology“.

„Постојат многу студии за токсичноста на димот од цигарите. Познато е дека димот на цигарите содржи 4000 хемикалии, од кои 60 се канцерогени. Спотивно на ова, канабисот не бил толку добро истражуван. Димот на канабисот (марихуаната) содржи 400 хемиски супстанции, вклучувајќи го и канабинодот. Но, димот на канабисот содржи 50% повеќе канцерогени полициклични ароматични јаглеводороди, како што се: нафтален, бензантрацен и бензопирен, отколку димот на цигарите“, изјавил Dr. Raj Singh, главен автор на студијата.

„Добро е познато дека канцерогените материи од димот на цигарите можат да ја оштетат ДНК и да го зголемат ризикот за рак на бели дробови, но и за други видови на рак. Но, научниците не беа сигурни дали и димот на канабисот има таков ефект. Во нашето истражување ја испитувавме токсичноста на ацеталдехидот, кој е присутен и во димот на цигарите и во димот на канабисот“, објаснуваат научниците. Тие додаваат: „Штетното дејство на димот на канабисот на ДНК значително влијае на здравјето на луѓето, посебно поради тоа што многу луѓе при користењето на канабисот појако го вдишуваат неговиот дим, отколку димот од цигарите“ вели Dr. Raj Singh.

„Пушење на 3 до 4 цигари канабис дневно доведува до еднаков степен на оштетување на слузницата на дишните патишта како и пушење на 20 или повеќе цигари на ден“ предупредува Dr. Raj Singh.

Пушењето марихуана го зголемува ризикот за рак на тестис

Големената стапка на ракот на тестисот во Велика Британија, како и во другите западни земји, денес се поврзува со се пораширената консумација на канабисот, известува англискиот часопис „The Independent“. Инциденцата на ракот на тестисот се зголемила за повеќе од два пати во последниве 30 години, што се препишува на зголемената консумација на оваа, инаку најпопуларна илегална дрога во Велика Британија.

Научниците утврдиле дека мажите кои редовно пушат канабил имаат дури 70% поголем ризик за развој на рак на тестис, во однос на оние мажи кои никогаш во својот живот не пушеле канабис. Опасноста е дупло поголема кај оние мажи кои најмалку еднаш неделно пушеле канабис или биле долгогодишни пушачи, почнувајќи уште од своите тинејџерски години, во однос на оние кои никогаш не ја консумирале оваа дрога.

Истражувањето е спроведено на мажи измеѓу 18 и 44 години и прва е ваква студија во светот. Студијата опфатила 369 пациенти со рак на тестис, кои биле анкетирани за конумирање на канабис. Резултатите биле споредувани со 979 здрави мажи, кои немале рак на тестис. Студијата покажала дека канабисот е поврзан со ракот на тестисот, независно од пушењето на цигари, консумирањето на алкохол и позитивната фамилијарна историја на болеста (наследноста).

Научниците од британскиот центар за истражување на ракот изјавиле дека оваа студија е прва студија која го поврзува ракот на тестисот со канабисот и дека таа вклучила мал број на испитаници.

Повеќе од 3 000 000 мажи во Велика Британија пушат канабис и само кај мал број од нив се развил рак на тестис. Но, резултатите од оваа студија, објавени во часописот „ Cancer“, покажале поврзаност помеѓу консумирањето на канабисот и развојот на еден тип на рак на тестис, наречен несемином, кој е многу агресивен и ги погодува младите мажи.

Stephen Schwartz, епидемиолог на Fred Hutchinson Cancer Research Centre во Seattle, кој го водел ова истражување, рекол: „Нашата студија не е прва која сугерира дека некои аспекти на животниот стил на мажите или околината се ризични фактори за рак на тестисот, но е прва студија која ја испитувала марихуаната како можен фактор на ризик за рак на тестис.

Марихуаната предивикува губиток на памтењето

Најновата студија покажала дека марихуаната предивикува и губиток на памтењето кај лабораториските глувци. Научниците додаваат дека ова сознание би можело да биде од голема помош при истражувањето на канабисот и неговото користење во медицински цели.

Одамна е познато дека канабисот предизвикува губење на помнењето, бидејќи има директно влијание врз делот на мозокот кој управува со когнитивните функции, објавил магазинот „Nature Neuroscience“.

Но, дали заборавеноста трае само за време на консумирањето или консумацијата има долготрајни последици? – ова се прашања за кои научниците сè уште расправаат.

Најновото истражување би требало да го докаже дали навистина канабисот е навистина тој што ги уништува мозочните клетки.

Извор: Рак

0 views0 comments

Comments


bottom of page