ШТО СЕ ТОА ШЕЈТАНСКИ ЧВОРОВИ И КАКО ДА ГИ ОТПЛЕТКАШ?
Пренесуваат имам Бухари и Муслим, rahimehullah, од Ебу Хурејре, radijallahu `anhu, дека пратеникот, sallallahu `alejhi ve sellem рекол: Додека спиете шејтанот над вашата престилка заврзува три чвора, удира по секој чвор говорејќи: Спиј, пред тебе е долга ноќ! Ако го спомне Алах кога ќе се разбуди ќе се отплетка еден чвор, ако се абдести ќе се отплетка и вториот, а ако клања ќе се отплетка и третиот чвор. Тогаш ќе стане одморен и добро расположен, а во спротивно ќе стане млитав и нерасположен. (Buhari mea `el-Feth,3/24; Muslim bi sherhi Nevevi,6/66)
Рекол Невеви, rahimehullah: Улемата различно ги тумачи овие чворови, што тие всушност претставуваат. Едните го застапуваат мислењето дека тоа се прави чворови, во смисла дека тие се еден вид на сихр, како би бил човекот спречен да не клања ноќен намаз. Рекол Возвишениот, azze ve dzelle: И од злото на оние кои во чворовите дуваат! (El-Felek,4) Според тоа мислење, неговите зборови го спречуваат клањачот да стане од сихрот. Некои кажале дека постои можност да прават исто што прават и оние кои дуваат во чворовите. Други велат дека тоа се чворови на срцето и неговото делување, како да му дошепнува и му збори дека ноќта е долга и да спие. Некои пак сметаат дека чворовите се пренесено значење, во смисла дека го прикажуваат шејтановото спречување од станување за ноќен намаз. (Muslim bi sherhi Nevevi,6/65)
Рекол Ибн-Хаџер, rahimehullah: Зборовите,…удира по секој чвор…, значат дека удира со раката на чворот изговарајќи зборови како би бил што посилно и подобро стегнат. (Fethu el-Bari,3/25)
Некои пак за овој хадис велат дека ова им делува само на немарните кои заспиваат без да го спомнат Алах, azze ve dzelle и без ајетот- Курсиј. Некој може да каже дека овој хадис е со широко значење, се однесува на немарните но и за другите. Меѓутоа, ние велиме дека широкото значење на овој хадис е ограничен хадис кој го пренел Ебу Хурејре, radijallahu `anhu, за учењето на ајетот-Курсиј пред спиење. Тоа е став на хафизот за хадиси Ибн-Хаџер, rahimehullah, кој рекол: Може да се каже дека се однесува само на оние кои нема да го проучат ајетот-Курсиј кој го прогонува шејтанот. (Fethu el-Bari,3/27)
Невеви, rahimehullah, рекол: Зборовите, тогаш станува одморен и добро расположен, значат поради радоста што Алах, azze ve dzelle, го упатил на покорност и ветена награда. Покрај тоа Алах, azze ve dzelle, му дава бериќет и во неговите постапки и со тоа му ги отклонува и спречува шејтанските чворови. (Muslim bi sherhi Nevevi,6/66)
Рекол Ибн-Хаџер, rahimehullah: Мене ми се чини дека во ноќниот намаз постои една тајна на добро расположение иако клањачот не мисли на сето ова. (Fethu el-Bari, 3/26) Тоа е вистина. Тоа го почувствувале само оние кои ја спознале сласта и убавината Алахова, azze ve dzelle, неговата близина во тие моменти.
Рекол Невеви, rahimehullah: Зборовите, во спротивно станува млитав (мрзелив) и нерасположен, значат дека тоа е поради шејтанските чворови, последицата на неговото одговарање и совладување, што и покрај се остануваат на него. Хадисот укажува на тоа дека ако не ги спои сите три работи како што е наложено: зикр, абдест и намаз, спаѓа во оние кои стануваат млитави (мрзеливи) и нерасположени. (Muslim bi sherhi Nevevi, 6/67)
Рекол Ибн-Хаџер, rahimehullah: Нашиот шејх, хафиз за хадиси, Ебу ел-Фадл ибн ел-Хусејн, rahimehullah, рекол во Тирмизовиот, rahimehullah, коментар, Сунена дека тајната е во започнувањето на ноќен намаз со два кратки рекати, за побрзо отплеткување на тие чворови. (Fethu el-Bari, 3/27)
Добро запазување е хадисот на Ајша, radijallahu `anhu,: Пратеникот, sallallahu `alejhi ve sellem, не клањаше повеќе од единаесет рекати во рамазан и вон рамазан. Клањаше четири, не прашувај за нивната должина и убавина, па потоа четири, не прашувај за нивната должина и убавина, а потоа клањаше три. (Buhari mea `el-Feth,3/33; Muslim bi sherhi Nevevi,6/17)
Шејтанот сето тоа го прави со неговата единствена цел да го спречи човекот да не клања ноќен намаз и да го направи мрзелив и млитав како би можел да владее со него цел ден. Тоа е една од шејтанските прљави замки против човекот. Прашањето е следново: “Како да се уништат и онеспособат тие замки и стапици? “
КАДЕ ШЕЈТАНОТ ЈА ПОМИНУВА НОЌТА?
Пренесено е во два Сахиха од Ебу Хурејре, radijallahu `anhu, дека Пратеникот, sallallahu `alejhi ve sellem, рекол, според верзијата на Муслим:
Кога ќе се разбудите исперете го носот три пати!, бидејќи шејтанот ја поминува ноќта во вашите ноздри. (Muslim bi sherhi Nevevi,3/127)
Зборот хајшум употребен во хадисот значи нос, а истинсар е шмркнување и исфрлање на водата од носот, чија цел е внатрешно чистење на носот.
Рекол кадија Ијад, rahimehullah: Можно е пратеничките, sallallahu `alejhi ve sellem, зборови: ….шејтанот ја поминува ноќта во вашите ноздри., да имаат буквално значење. Носот е еден од отворите во телото, пат кој може да се дојде до срцето. Постои можност и дека не се буквални зборовите, туку се со пренесено значење. Влагата и прашината која се собира во носот е нечиста прљаштина која му одговара на шејтанот. (Muslim bi sherhi Nevevi,3/127)
Рекол Ибн-Хаџер, rahimehullah: Хадисот со својата внатрешност укажува дека тоа се случува на секој кој спие. Но, можно е да се однесува само на оние кои не се заштитиле со никаков зикр пред спиење, како што се наведува во хадисот кој го пренел Ебу Хурејре, radijallahu `anhu, во кој се вели:…ќе го чуваат цела ноќ од шејтанот, или хадисот за ајетот-Курсиј: …шејтанот нема да може да ти се приближи. Исто така, постои можност и дека тие хадиси значат дека тој не може ни да се приближи до местото на кое тој дошепнува злобни мисли, или пак до срцето. Па всушност поминувајќи ја ноќта во носот, би билo поради стигнување до срцето кога ќе се разбуди. (Fethu el-Bari,6/343)
ЗАБОРАВАЊЕТО Е ОД ШЕЈТАНОТ!
Рекол Др.Ел-Ешкар, hafizahullah: Во ова спаѓа она што го стори со Адем, (`alejhi selam), постојано го заведуваше се додека не ја заборави наредбата од својот Господар:
А Адем уште претходно го задолживме, па тој заборави и не најдовме кај него одлучност! (Ta-Ha,115)
Мусаовиот придружникот му рече на Муса, (`alejhi selam):
Јас сум ја заборавил онаа риба-самиот шејтан ме натера да ја заборавам, да не ти ја споменувам…. (El-Kehf,63)
Алах, azze ve dzelle, му забранил на пратеникот, sallallahu `alejhi ve sellem, и неговите асхаби да седат во друштво со оние кои се исмејуваат на Алаховите ајети, но понекогаш поради шејтанот човекот заборава што сака неговиот Господар од него, па со нив седи. Рекол Алах, azze ve dzelle:
Кога ќе ги видиш оние кои на зборовите Наши се исмејуваат, биди далеку од нив се додека не преминат на друг разговор. А ако шејтанот те натера да заборавиш, тогаш штом се сетиш, не седи со луѓе насилници. (El-En`am,68)
Алаховиот, azze ve dzelle, веровесник Јусуф, (`alejhi selam), го замолил затвореникот, за кого мислел дека ќе биде спасен од погубување и дека ќе му се врати во служба на кралот, да го спомне неговиот случај пред него. Шејтанот направил тој човек да заборави да го спомне Јусуф, (`alejhi selam), пред владетелот и останал уште неколку години во затвор. За тоа Алах, azze ve dzelle, рекол:
А од оние двајца за кој се знаеше дека ќе биде спасен рече: Спомни ме на господарот свој!, но шејтанот направи тој да заборави да го спомне на господарот свој, и Јусуф остана во темница неколку години. (Jusuf,42)
Кога шејтанот потполно ќе го совлада човекот и направи да човекот заборави на Алах, subhanehu ve te`ala, патот до сеќавањето на Алах, azze ve dzelle, е зикрот, тоа го брка шејтанот. Алах, subhanehu ve te`ala, рекол:
А кога ќе заборавиш, спомни го Господарот свој…. (El-Kehf,24)
ШЕЈТАНОТ ИМ СЕ СМЕЕ НА ОНИЕ КОИ ЗЕВААТ!
Шејтанот им се смее на оние кои зеваат поради тоа што зевањето е последица на мрзливост и оној кој зева во таква состојба не може ибадетите да ги изврши на најдобар начин. Шејтанот се смее и поради тоа што личноста која зева не изгледа убаво. Поради сето ова, пратеникот, sallallahu `alejhi ve sellem, рекол:
Алах го сака кивањето, а го презира зевањето. Кога некој ќе кивне и му заблагодари на Алах, должен е секој муслиман кој ќе го слушне да му возврати. (Јерхамукеллах-Алах да ти се смилува!) Зевањето е од шејтанот, па нека го спречи колку што може! А, кога вика: Aaaaх!, шејтанот му се смее. (Buhari mea `el-Feth,6/338; Muslim,18/122)
Рекол Ибн-Хаџер, rahimehullah: Пратеникот, sallallahu `alejhi ve sellem, во хадисот го споредил зевањето кое не е спречено со кучешкото завивање, одвраќајќи од тоа и прикажувајќи ја грдоста од таа постапка. Кучето ја крева главата, ја отвара устата и завива, и човекот кога претерано зева му е сличен нему. И тоа нам ни ја открива причината на шејтановото смеење на тој човек, бидејќи го претворил во играчка за себе, со тоа што му го изобличил изгледот во таа состојба. (Fethu el-Bari,10/612)
Пренел Муслим, rahimehullah, во својата Сахиха од Ебу Сеида ел-Худрија, radijallahu `anhu, дека Пратеникот, sallallahu `alejhi ve sellem, рекол: Кога зевате ставите рака на уста, бидејќи шејтанот тогаш влегува. (Muslim bi sherhi Nevevi,18/122; Darimi,1/321)
Рекол Невеви, rahimehullah: Учените луѓе рекле дека наредено е да се сокрие, да се спречи зевањето и да се стави рака на уста, како шејтанот не би можел да ја постигне својата цел, а целта му е да го изобличи човекот, да влезе во него низ уста ( надмоќ на шејтанот над човекот) и да го исмее. (Muslim bi sherhi Nevevi,18/123)
Убаво би било овде да се наведе и мурсел предание кое го пренеле Ибн-Еби Шејбе и Бухари, rahimehullah, во своето дело Ет-Тарих од Језида ибн Есамма, rahimehullah:
Пратеникот, sallallahu `alejhi ve sellem, никогаш не зевал. (Fethu el-Bari,10/613)
КАДЕ Е ШЕЈТАНОТ ВО ЧОВЕЧКОТО ТЕЛО?
Веровесникот, sallallahu `alejhi ve sellem, рекол: Шејтанот кружи околу човекот како крвта. (Buhari mea `el-Feth,4/282; Muslim bi serhi Nevevi,14/155) Во друго предание се вели: Шејтанот доаѓа кај човекот се додека ја има и крвта. (Buhari mea `el-Feth,4/278; Muslim bi serhi Nevevi,14/157) Рекол Ибн Хаџер, rahimehullah: Некои сметаат дека хадисот треба да се свати буквално, и дека Алах, azze ve dzelle, тоа му го овозможил. Други пак сметаат дека тоа е алузија на неговите многубројни обидувања да заведува, поради снажните врски и нераздвојувањeто како што е крвта. (Fethu el-Bari,4/280)
Ибн Аббас, radijallahu `anhu, рекол: Шејтанот го напаѓа човековото срце, кога заборава и станува немарен тогаш го наговара на зло, а кога го спомнува Алах, subhanehu ve te`ala, тогаш се повлекува. (Tefsir Ibn-Kesir,4/575)
Од ова можеме да заклучиме дека шејтанот може да продре во човековото тело и да го одбере срцето како негово место за престој. Срцето е водич, а останатите делови од телото се негови следбеници, па ако го покори него, тогаш ќе ги покори и останатите делови од телото. Во тој контекс Пратеникот, sallallahu `alejhi ve sellem, рекол: Во телото има еден орган, ако тој е здрав- здраво ќе биде целото тело, а ако тој биде лош- лошо ќе биде целото тело. Тој орган е срцето. (Buhari mea `el-Feth,1/126; Muslim bi serhi Nevevi,10/28) Меѓутоа, постојат срца кои се опкружени со високи ѕидови на иман (верувањето), со цврста тврдина на богобојазност, кои ги чуваат стражарите на зикрот. Шејтанот може да влезе во нив само на кратко скришно, а кога ќе влезе стражарите на зикрот ќе го протераат понижен надвор од тврдината.
ШЕЈТАНСКА ФЛЕЈТА
Пренесено е од Ебу Хурејре, radijallahu `anhu, дека Пратеникот, sallallahu `alejhi ve sellem, рекол: Ѕвоната се шејтанска флејта. (Muslim bi serhi Nevevi,14/94)
Поради тоа што шејтаните се со оние кои во своето друштво имаат ѕвона, мелеците се оддалечуваат од нив. Пренесено е од Ебу Хурејре, radijallahu `anhu, дека Пратеникот, sallallahu `alejhi ve sellem, рекол: Мелеците не се во друштво со оние кои имаат ѕвоно или куче со себе. (Muslim bi serhi Nevevi,14/94)
ШЕЈТАНОТ ЛИЖЕ СО ЈАЗИКОТ ИСТО КАКО КУЧЕТО
Пренесено е од Ебу Хурејре, radijallahu `anhu, дека Пратеникот, sallallahu `alejhi ve sellem, рекол: Шејтанот има премногу развиени сетила и лиже со јазикот исто како кучето, затоа внимавајте се од него! Кој ќе заноќи со масни раце па го снајде нешто, нека не обвинува никој друг освен себе. (Tirmizi,3/190, Ebu Davud,3/366)
Во Муслимовата, rahimehullah, Сахиха, пренесено е од Џабир, radijallahu `anhu, дека рекол: Го слушнав Пратеникот sallallahu `alejhi ve sellem, кога рече: Шејтанот присуствува на се што правите, дури и кога јадете. Затоа, ако вам ви испадне залче, оттргнете ја од него непријатноста и изедете го, не оставајте го на шејтанот! И, кога ќе завршите со јадењето излижете си ги прстите, бидејќи не знаете во кој дел од храната се наоѓа бериќетот! (Muslim bi serhi Nevevi,13/207)
Пренесено е од Ибн Аббас, radijallahu `anhu, дека Пратеникот, sallallahu `alejhi ve sellem, рекол: Кога ќе завршите со јадењето немојте да ги бришете рацете се додека не ги излижете прстите или дајте на некој друг да ви ги излиже. (Buhari mea `el-Feth,9/577; Muslim bi serhi Nevevi,13/203)
ПАЗАРОТ Е ШЕЈТАНОВОТО ВОЕНО ПОЛЕ
Рекол Селман, radijallahu `anhu: Ако можеш не влегувај прв на пазар, и не биди последен кој ќе излегува од него! Пазарот е шејтаново бојно поле и тука го подигнува своето знаме. (Muslim bi serhi Nevevi,16/7)
Рекол Невеви, rahimehullah: Го споредил пазарот и шејтановите постапки, како и односот на луѓето на пазарот со војување поради бројните невистини, проневери, измами, лажни заклетви, неисправни договори, неправедно подигнување на цените, купопродажба со купување од некој друг, продажба и продажба на некој друг, ценкање додека другиот се ценка, скратување или крадење на вагата. Зборовите “тука го подигнува своето знаме“ значат дека тука се сместил и дека околу себе ги собрал своите помагачи како би можел да ги заведе луѓето и да ги наведе на претходно наведените лоши постапки. Тоа е доменот на неговото делување и на неговите помагачи. (Muslim bi serhi Nevevi,16/7)
ШЕЈТАНОТ СЕ ИСМЕЈУВА НА ОНИЕ КОИ НЕ КЛАЊААТ НОЌЕН НАМАЗ
Ако човекот целата ноќ ја преспие и никако не клања до сабах, шејтанот се повеќе се лакоми на него. Тоа јасно се гледа од хадисот пренесен во двата Сахиха од Абдуллах ибн Месуд, radijallahu `anhu: Пред Пратеникот, sallallahu `alejhi ve sellem, бил спомнат еден човек кој спиел цела ноќ до сабах, па рекол: На него шејтанот му се измокрил во ушите или увото. (Buhari mea `el-Feth,3/28; Muslim bi serhi Nevevi,6/64)
Рекол Ибн-Хаџер, rahimehullah: Учените луѓе се разделиле во врска со шејтановото мокрење. Една група тврдат дека тоа е вистинско мокрење. Куртуби, rahimehullah, и уште некои со него велат дека: Не постои пречка тоа така да биде, бидејќи тоа не е невозможно. Потврдено ни е дека шејтанот, јаде, пие, и има полови односи, па со самото тоа нема сомнеж и дека мокри. Другата група велат дека тој израз алудира на затворање на ушите на оној кој спие како не би го слушнал зикрот. Третата група велат дека значењето на тоа е дека шејтанот ги наполнил ушите на тој човек со невистини за да неможе да го слушне зикрот. Некои сметаат дека тоа е сликовит приказ на шејтановото понижување на тој човек. А, некои пак велат дека шејтанот надвладеал над тој човек и го понижил толку многу што како тоа место да е припремено за вршење нужда, бидејќи обично кога некој нешто смета за безвредно, тогаш тој ќе се измокри на тоа. (Fethu el-Bari,3/28)
Пренел имам Ахмед, rahimehullah, од Хасан Басри, rahimehullah, дека рекол: Навистина неговата мокрача е тешка.
Ибн-Месуд, radijallahu `anhu, рекол: Доволно му е на човекот зло и губиток тоа што спие до зори, па и шејтанот му се измокрил во уво. Ова предание го забележал Мухаммед ибн Наср, rahimehullah, а Ибн-Хаџер, rahimehullah, рекол: Ланецот на преносители е веродостоен. (Fethu el-Bari,3/29)
НЕМИРНИ СОНОВИ И НАТАЖУВАЊЕ НА МУСЛИМАНИТЕ
Во шејтановите сплетки, Алах, azze ve dzelle, да не сочува, спаѓа и донесување на лоши соништа од кои човекот се разболува како и натажување. Пренел имам Муслим, rahimehullah, од Џабир, radijallahu `anhu, дека рекол: Некој бедуин дошол кај Пратеникот, sallallahu `alejhi ve sellem, и рекол: Алахов пратенику, сонував дека главата ми е одсечена, дека ми се стркалала и јас потрчав по неа. Пратеникот, sallallahu `alejhi ve sellem, му рекол на бедуинот: Не зборувај им на луѓето за шејтанското поигрување со тебе во сон! (Muslim bi serhi Nevevi,15/27; Ibn-Madze,2/1287)
Пренеле имамите Бухари и Муслим, rahimehullah, од Ебу Хурејре, radijallahu `anhu, дека Пратеникот, sallallahu `alejhi ve sellem, рекол: Има три вида на соништа: убави сонови, тие се радосни вести од Алах, лоши сонови кои натажуваат, тие се од шејтанот и сонови за кои човекот често мисли. Кој ќе сонува нешто што не сака, нека стане да клања и нека на никој не му говори за тоа. (Buhari mea `el-Feth,12/404; Muslim bi serhi Nevevi,15/21)
Во двата Сахиха пренесено е од Ебу Катаде, radijallahu `anhu, дека Пратеникот, sallallahu `alejhi ve sellem, рекол: Убавиот сон е од Алах, а лошиот од шејтанот. Кој ќе сонува нешто лошо нека поплука три пати на левата страна и нека бара заштита од шејтанот, така нема да може да му наштети. (Buhari mea `el-Feth,12/383; Muslim,15/16)
Анализирајќи ги сите преданија доаѓаме до заклучок дека муслиманот во врска со соновите треба да практикува неколку адаби.
Ќе пренесеме накратко што рекол Ибн-Хаџер, rahimehullah, во врска со соновите и практикувањето на неколкумина адаби: Учените луѓе споменале мудрост на тие адаби. Барањето заштита од злите соништа е јасно, а пропишано е поради сето лошо. Барањето на заштита од шејтанот е поради тоа што тој ги носи тие соништа, се со цел да го натажи и исплаши човекот, што јасно се гледа од низата неколкумина хадиси. За поплукањето, кадијата Ијад, rahimehullah, рекол: Тоа е наредено за да го избркаме шејтанот кој го донел лошиот сон, понижувајќи го и исмејувајќи го. Одредена е левата страна бидејќи таа е за нечистотијата и слично. Промената на страната е поради оптимизмот дека состојбата ќе се промени на подобро, додека намазот е нареден поради обраќањето на Алах, azze ve dzelle, и барањето помош од Него во намазот. (Fethu el-Bari,12/371)
ШЕЈТАНОТ ИМА РОГОВИ
Пренесено е од Амр ибн Анбесе, radijallahu`anhu, дека Алаховиот пратеник, sallallahu `alejhi ve sellem рекол:”Сонцето изгрева и заоѓа помеѓу двата шејтанови рога.“
(Buhari, kitabu bedi` el-halk, babun 11; Muslim, Kitabu-l-musafirine, br.290 i 294)
“ Заштита од џиновите и шејтаните
во светлото на Кур`анот и Суннетот “
-Vehid Abduselam Bali
댓글