Што имаат муслиманите досега направено за Америка? Ако вашиот единствен извор на информации е Доналд Трамп, ќе помислите дека одговорот е многу лесен – убиството на американци и обид да се уништат вредностите на едно општество.
Републиканскиот претседателски кандидат повика на стопирање на Муслиманите да влезат во САД, додека американските власти “дознаат” за муслимански намери во САД, после убиство во Сан Бернардино. Тоа што Трамп не сака да го разбере е историјата на својата земја, која како многуте американски достигнувања се вредни за почит на дело на еден вид на луѓе – муслимани – кои тој сака да ги задржи вон американските граници.
Ова е водич за некои од работите што муслиманите ги направиле за САД. Тоа не е целосна листа – но тоа е многу поимпресивно од она што Трамп го направил за својата татковина.
Создавањето на Америка
Муслиманите беа дел од САД, од самите почетоци. Меѓу оние кои служеле под команда на шефот на копнената војска на генерал Џорџ Вашингтон, во војната против британскиот колонијализам бил и Бампет (Bampett) Мухамед, кој се борел за Вирџинија во периодот помеѓу 1775 и 1783 година, како и Јусуф Бен Али, кој беше Северно африкански Арапин. Некои тврдат дека Бакминстер Петар, кој го испукал пиштолот од кој загина британскиот генерал-мајор Џон Питкерн во битката кај Бункер Хил, а подоцна отиде за да служи и во битката на Саратога и битката кај Стони Поинт(Stony Point), е Американски муслиман. Бакминстер подоцна го промени своето презиме во Салем или Салам, арапскиот збор за мир. Вашингтон, подоцна како прв претседател на САД, немал проблем со тоа муслимани да служат во неговата војска. Тој им ја дал на овие муслимани честа на служењето во Америка, и со тоа Вашингтон јасно стави до знаење дека за да се служи во американска армија не мора да биде со одредена религија или да си со посебна етничка припадност за да се биде патриот. Трамп се чини дека се обидува да го скрши преподобниот американски принцип.
Кралството Мароко, патем, беше првата земја која ја призна САД. Во 1786 година двете земји потпишаа договор за мир и пријателство кое се уште е во сила денеска, најдолг непрекинат договор од ваков вид во историјата.
Градење на своите градови
САД нема да изгледа онака како што изгледа, ако не беше муслиманот, Фазлур Рахман Кан од Дака, Бангладеш. Роден како американец беше познат како “Ајнштајн на структурниот инженеринг”. Тој е пионер на новиот структурен систем на цевки, рамка која претставува револуција на изградбата на облакодерите.
Резултатот беше една нова генерација на облакодери, која го намали износот на челик неопходен во градежништвото и го смени изгледот на американските градски пејзажи. Терористите со муслимански имиња можеби го имаат разнесено Светскиот трговски центар(иако тоа е се помалку веројатно), но без иновација на врамени структурни цевки на Кан, ниту кулите-близначки веројатно не би биле изградени на прво место. Ниту, пак, Џон Хенкок кула, со својата карактеристична надворешноста со Х-потпора (осмислена од страна на Кан) или кулата Sears (т.н. “пакет цевка”) во Чикаго ќе беа изградени. Sears Tower е речиси 25 години од 1973 година, на 108 ката и 442m, највисоката зграда во светот. Кан почина во 1982 година, но неговите иновации се покажаа клучни за иднината на облакодери – вклучувајќи го Trump International Hotel (2009) и кулата во Чикаго.
Меѓу другите згради на која Кан работел како градежен инженер е банкарскиот центар на САД во Милвоки и Hubert H HUMPHREY Metrodome во Минеаполис. Тој, исто така работеше на академија на воздухопловните сили на САД во Колорадо за обука на службеници.
Да се живее американскиот сон
Шахид Кан е олицетворение на американскиот сон. Милијардерот со пакистанско потекло пристигнал во САД на возраст од 16 години при посета на Универзитетот Илиноис. „Во рок од 24 часа, јас веќе го вкусив американскиот сон“ кажал Кан, кој мислеше на работата за 1,20 $ на час со миење садови – додека повеќето луѓе во Пакистан заработуваа многу помалку во тоа време. Потоа започна бизнис со автомобилски делови во Универзитет. Во овој момент 65-годишниот милијардер е- познат во Велика Британија како сопственик на ФК Фулам – и е на чело на $ 4.9 милијарди вредна компанија како 360 по ред најбогат човек на планетава. Пред неколку години Магазинот Forbes го стави на насловната страница како заштитно лице на американскиот сон.
Хума Абедин може да биде прогласена за најмоќната жена муслиманка во Америка. 39-годишната жена е вработена како долгогодишен помошник на Хилари Клинтон и беше заменик началник на Генералштабот на Стејт департментот. Таа во моментов работи како заменик-претседателката на кампањата за 2016 на Клинтонова за претседател.
Лекување на болните
Д-р Ејуб Омаја е одговорна за многу медицински иновации.
Без Ејуб Омаја многу луѓе, некои од нив американци, ќе беа мртви или ќе страдаа во ужасни болки. Во 1963 година, муслиманка со пакистанско потекло, е неврохирург која го измисли интравентрикуларниот систем на катетер, кој може да се користи за аспирација на цереброспиналната течност или давање на лекови. Тоа е на еден начин резервоар поврзан со катетер кој се вградува во вашиот мозок. Постои можност резервоарот да се користи за да се достави хемотерапија директно до местото на тумор на мозокот. Таа исто така го разви првиот класифициран резултат за кома на трауматски повреди на мозокот кој се развива на Националниот центар на САД за превенција на повреди и контрола, што, како дел од својата мисија се фокусира на трауматски повреди на мозокот.
Опсегот на муслиманските рапери очигледно изненадува- Меѓу нив се Јасин Беј (Уметникот порано познат како Mos Def) потоа луѓе како Нес, Андре 3000, Лупе Фијаско, Ајс Кјубе, Баста Рајмс и многу други без кои амерканското општество не би било препознатливо.
Повеќе за ова на следниов линк: http://www.theguardian.com/world/2015/dec/08/donald-trump-famous-muslims-us-history?CMP=fb_gu
Comentarios