top of page
Writer's pictureinfoislam

Што се доброволни или препорачани намази?

На муслиманот му е пропишано во еден ден и ноќ да извршува пет обврзителни – фарз намази.

Покрај тоа шеријатот ги поттикнува муслиманите да ги извршуваат препорачаните намази бидејќи со нив се стекнува Аллаховата љубов и ги наополнува евентуалните недостатоци во во обврзителните (фарз) намази. Доброволни намази, кои се нарекуваат мустехаб- намази или нафила намази, се многубројни, ќе ги издвоиме најважните: 1.Суннет намази кои се извршуваат со петте дневни, обврзителни намази. Некои ги нарекуваат ратиб – намази (следни намази), бидејќи муслиманот ги извршува со обврзителните намази и гледа да не ги пропушта. Аллаховиот Пратеник , Аллах да му даде ми и спас, кажал: „Секој муслиман кој во еден ден ќе изврши дванаесет рекати доброволен намаз, покрај фарзот, Аллах ќе му подари дворец во џеннет.“(Муслим) Нафиле- доброволни намази се: 1 Два рекати сабахски фарз -суннет 2 Четии рекати пред подневниот фарз- намаз, кој се извршува два пати по два рекати. Потоа два рекати нафила после подневниот намаз. 3 Два рекати после акшамскиот фарз намаз. 4 Два рекати после јацискиот фарз намаз. 2.Витр намаз: Наречен е по непарниот број на рекати од кои се состои. Сместен е во најдобрите доброволни намази, бидејќи Аллаховиот Пратеник, мир и спас над него, каѓал за него: „Клањајте витр намаз, о следбеници на Куранот!“ (Ибн Маџе, 1170). Најдобро време за извршување на витр намазот е задниот дел од ноќта, иако може да се клања во било кое време од јација- намазот па до зората. Витр намазот нема ограничен број на рекати , може тоа да биде и еден рекат, три рекати се препорачани, а Аллаховиот Пратеник, мир и спас над него, клањал единаесет рекати витр намаз. Основно правило во поглед на доброволни намази е да тие се клањаат во пар, два по два,што е и случај со витр намазот, со тоа што одлуката по завршетокот на витр намазот, на парните рекати додатно се извршува уште еден рекат одвоено. Пропишано е на витр намазот на задниот рекат, после обавувањето на руку, а пред одењето на сеџда, да се проучи некоја втемелена дова, со подигнати раце, а после неа клањачот може да моли тоа што сака. Тоа е куннут – дова која е пропишана на витр намазот.

Време во кое што е забрането обавување на доброволните намази: Во било кој дел на денот и ноќта муслиманот може да обавува доброволни намази, освен некои часови кои идолопоклониците ги резервирале за клањање кон своите идоли. Во забранетите времиња може да се обавуваат само пропуштените фарз намази или нафила намаз кој има посебен повод за негово обавување како што е техијетул-месџд (намаз за поздрав и почаст кон џамијата). Оваа забрана се однесува само на намаз, додека довата и зикрот може да се прават во секое време.

0 views0 comments

Comentarios


bottom of page