Ѓумбирот е спомнат во Куранот:
„ И во него ќе пијат чаши со ѓумбир“,
„Во него од чаша пијалак зачинет со ѓумбир ќе се пие од извор во џеннетот, кој Селсебил се вика.“
Чајот од ѓумбир кој е спомнат во овој Курански говор е рецепт за здрави плуќа и за здраво тело. Тоа е рецепт излезен од рајот.
Ебу Сеид пренесува хадис дека византискиот цар му испратил ќуп полн со ѓумбир како поклон на Пратеникот ﷺ кој тој го поделил и го изел заедно со асхабите.
Ѓумбирот пристига во Европа дури во 15 век после крстоносните војни, и масовно се користи како лек. Ѓумбирот е топол, сладок и има вкус на лимун. Исто така ѓумбирот ги шири крвните сaдови. Ѓумбирот го зголемува апетититот, го стимулира сексуалниот нагон и ги стопира гасовите. Сируп од Ѓумбир го смирува стомакот и го помага имунитетот. Ѓумбирот исто така е добар за постари лица особено за оние лица кои се болни од тешки воспалителни болести. Ѓумбирот е едно од најпознатите растенија на светот. Подземното стебло на ѓумбирот се користи како зачин во исхраната и наоѓа корист и во алтернативната медицина. Ѓумбирот е корен од повеќегодишно зелкасто растение кое расте најчесто во тропските предели на Земјата. Растението расте и достигнува висина и до 1 метар, а корените му се дебели како прст, долги 20 cm и се многу ароматични. Цветовите му се бели, жолти или розови во зависност од видот. Пред повеќе од 2000 години во медицинските книги ѓумбирот се споменува како една од состојките во повеќе ориентални медицински рецепти.
Ѓумбирот може да се консумира како свеж, претходно изложен на пареа или сушен па сомелен во вид на прав. Свежиот ѓумбир се користел како средство против повраќање, против кашлица и метеоризам (зголемени гасови во системот за варење), додека ѓумбир во прав го користеле како средство за смирување на абдоминалните болки, отежнато дишење, стомачни мачнини, лумбаго и против дијареа (проливи). Африканците го користат напитокот од ѓумбиров корен како добар афродизијак, додека жените од Нова Гвинеја го употребуваат коренот од ѓумбир како контрацептивно средство. Во Индија прават чај од свеж ѓумбир и го употребуваат како средство за смирување на кашлицата и како лек против тромбоза.
Ѓумбирот има неколку медицински квалитети, а главно се користи како добар антикоагуланс. Истражувачите докажале дека ѓумбирот е подобар од фармацевтските лекови против мачнините, кој го спречува чувството кое го тера човекот на повраќање.
Многу важно што ѓумбирот не предизвикува поспаност бидејќи делува на желудникот, а не во мозокот. Таа способност на ѓумбирот ја користеле морнарите на долги пловидби кои џвакајќи закиселен ѓумбир ги надминувале мачнините предизвикани од големите морски бранови. За спречување на мачнините било потребно консумирање на само половина кафена лажичка сомелен ѓумбир во сок, во чај или во јадењето.
Истражувачите во Данска утврдиле дека ѓумбирот ефикасно делува против згрутчување на крвта бидејќи ја спречува синтезата на супстанцата наречена тромбоксан која сигнализира на крвните клетки да се групираат, што е прв чекор за формирање на тромбовите. Истражувачите на Корнел универзитетот установиле дека ѓумбирот ја разредува крвта со што може да ги разбие веќе создадените тромбови со помош на супстанцата наречена гингерол која има структура многу слична на аспиринот, кој е меѓу останатото познат и како добар антикоагуланс.
Истражувачите во Индија установиле дека ѓумбирот драстично го намалува превисокото ниво на холестеролот во крвта предизвикано со неконтролирана употреба на заситени масти во исхраната. Во Јапонија установиле дека ѓумбирот ги намалува болките во организмот (делува аналгетски), го спречува повраќањето, го намалува прекумерното создавање на стомачен сок, го намалува високиот крвен притисок и ја стимулира работата на срцето. Исто така ѓумбирот се покажал како блокатор на непотребните мутации на човековите гени кои водат кон појава на рак.
Comentarios