top of page
Writer's pictureinfoislam

Љубов спрема племенитоста

Кај повеќето луѓе главниот двигател за племенитоста и добродетелството е љубовта према истото и душевното уживање кое го ужива дури го чини тоа свое дело на племенитост. Ел Мемун вели: „Чедноста ми стана толку мила што се исплашив дека поради неа нема да бидам награден на судниот ден.“ Некој му кажал на Имам Ахмед бин Ханбел, Аллах да му се смилува: „Дали ова знаење си го стекнувал поради Аллаховото задоволство?“ Ахмед ибн Ханбел одговорил:„Се надевам дека е поради Аллаховото задоволство. Тоа едноставно било тоа што ми е омилено и драго(стекнување на знаење), и поради тоа го стекнував знаењето.“ Некој друг вели:

„Јас повеќе се радувам на поклонот кој на некој ќе му го дадам отколку на оној поклон кој сум го примил.“

Фалејќи ја дарежливоста еден песник во стиховите вели:

„Кога дарува , телото му се тресе, како што ветерот при дување на на палмина гранка ја треси“

Еден друг испеал:

„Го гледаш кога му доаѓаш како ти се радува како ти да му даваш она што од него го бараш“

Повеќето племенити ја сака племенитоста со голема искреност и љубов, така што не се во состојба да се воздржат од дарување и тогаш кога и самите се во потреба да иметокот кој го даваат, но и покрај тоа ништо не ги спречува да бидат племенити, ниту ги интересираат туѓи критики. Тие што ја сакаат науката ја сакаат со најголема љубов, повеќе од било која мила љубов. Многу од нив ни најубавата жена или човел неможе да ги одвратат од тој пат на стекнување на знаењето.

„Воведувањето на заљубените“ Ибн кајим ел Џевзи

0 views0 comments

Comments


bottom of page