top of page
Writer's pictureinfoislam

Ќе дојде чудно време, или веќе дошло!?

Од Хузејфе б. ел-Јемана р.а., се пренесува дека Пратеникот саллаллаху алејхи ве селлем, рекол: „Исламот ќе се губи и ќе исчезнува како што избледува платното, така да ќе дојде време кога нема да се знае ниту за намаз, ниту за пост, ниту за обреди, ниту за зекат; Аллаховата книга во една ноќ ќе исчезне така да еден ајет нема да остане на земјата. Разни дружини на луѓе ќе останат така што некој старец во позни години или старица ќе кажат:

“Ги затековме нашите стари како изговараат: Ла Илахе Иллаллах – па и ние изговаравме”!? Силех б. Зуфер рхм., му приговорил на Хузејф б.ел-Јеману р.а. : “Што ќе им користи такво: Ла Илахе Иллаллах” – кога не знаат ниту за намаз, ниту за пост, ниту за хаџ, ниту за зекат? Хузејфи р.а. се (се свртел од него), не сакал да му одговори на прашањето. Силех рхм. го повторил своето прашање, а Хузејф р.а, повторно одбил да му одговори. Силех рхм. по трет пат го поставил прашањето на Хузејф р.а. на кое тој му одговара со зборовите: О, Силех, ќе ги спаси од џехеннемскиот оган, ќе ги спаси од џехеннемскиот оган, ќе ги спаси од џехеннемскиот оган(пеколот)!!!” (Хадисот го бележи Ибн Маџе, во Сунен, бр. 4049, како и имам Хаким, во ел- Мустедреку, 4/473., додека шејх Албани, рхм, во делото “Силсилетул-Сахиха”, бр.87., го оценува како сахих.) Омер р.а. пренесува дека Аллаховиот Пратеник саллаллаху аллејхи ве селлем, рекол: ”Ќе дојде време кога светот ќе има човечка форма ама срцата ќе им бидат како пустински волци. Ќе се пролева крв, а нема да се отргнат од злото кое го прават! Ако им дадеш заклетва на верност –ќе те измамат, а ако ти се обратат- ќе те лажат, а им се довериш – ќе те изневерат, а кога нема да бидеш со нив – ќе те оговараат. Децата ќе им бидат безобразни, младината девијантна, а нивните стари ќе бидат порочни – нема да наредуваат добро ниту ќе одвраќаат од зло. Да се биде со нив е понижување, а да се бара тоа што е нивно е права сиромаштија! Добриот меѓу нив заталкал, додека заталканиот меѓу нив е добар! Суннетот за нив е бид’ат, додека бид’атот за нив е суннет. Оној кој наредува добро меѓу нив е сомнителен, расипникот меѓу нив е чесен човек, додека верникот кај нив е понижен. Кога луѓето ќе почнат да се однесуваат така Аллах ќе даде нив да ги завладеат луѓе кои ќе ги убиваат ако било што прозборат, кои ќе ги експлоатираат ако молчат, кои ќе им зимаат тоа што ќе го заработат, и кои неправедно кон нив ќе се однесуваат додека владеат со нив!” (Џами’ул-Ехадис, Сујути, бр.31621.) Ебу Хурејре р.а., пренесува дека Пратеникот саллаллаху аллејхи ве селлем, рекол: ”Ќе дојде време кога верникот нема да може да ја зачува својата вера со исклучок на оној кој со својата вера одел од рид на рид, од врв на врв, од карпа на карпа. Кога ќе дојде тоа време нема за живот да се заработува освен од гневот на Аллах џ.ш (харам заработка). Кога ќе дојде тоа време човекот поради својата жена и деца ќе страда, а ако нема жена и деца тогаш поради своите родители ќе страда, а ако нема родители ќе страда поради роднините свои и комшиите! Прашале: Поради што ќе биде така о Аллахов Пратенику? Рече: Ќе го срамат поради мала опскрба (сиромаштво), па човекот поради тоа ќе се излаже за тоа што ќе го излажат!” (Китабул-Зухд ел-Кебир, Бејхеки, бр.446.)

Ебу Хурејре р.а. пренесува дека Пратеникот саллаллаху аллејхи ве селлем рекол: ”Се колнам во Оној во чии раце е мојата душа, дуњалукот(овој свет) нема да изчезне се додека не дојде време кога убиецот нема да знае зашто убил, ниту убиениот зашто е убиен! Било кажано: Кога ќе се случува тоа? Рече: Нередот ќе биде голем (хереџ); и убиецот и убиениот ќе бидат во џеххенем(пекол)!”(Муслим, бр.7488.) Ебу Хурејре р.а., пренесува дека Аллаховиот Пратеник саллаллаху алејхи ве селлем рекол: ”Вие живеете во време во кое ако десетиот дел од верата го оставите –би пропаднале, а затоа ќе дојде време во кое ако десетиот дел од верата биде спроведен – ќе се биде спасен!” (Сунен Тирмизи, бр.2436.) Ебу Хурејре р.а. пренесува дека Аллаховиот Пратеник саллаллаху аллејхи ве селлем рекол: ”Ќе дојде време кога на човекот нема да му биде грижа од каде ги заработува своите пари – дали од халал или од харам!” (Сунен Неса’, бр.4454.)

Ебу Хурејре р.а. пренесува дека Пратеникот саллаллаху аллејхи ве селлем рекол: ”Ќе дојде време кога нема да има човек а да не се храни со камата, а ако не се храни со камата тогаш ќе го закачи неговата прашина.!” (ел- Мустедрек, бр.2162.) Ебу Хурејре р.а. пренесува дека Пратеникот саллаллаху аллејхи ве селлем рекол: Ќе дојде време кога и шејтанот ќе има уддел во децата на луѓето. Било кажано: И тоа ли ќе се случи о Аллахов Пратенику?! Рече: Да! Тие рекоа: Како ќе ги распознаеме тие деца? Рече: Нема да се срамат и нема да бидат милостиви!”(ел-Џами’ ел-Кебир, Сујути, бр.25700.) Ебу Хурејре р.а. пренсува дека Пратеникот саллаллаху аллејхи ве селлем рекол: ”Ќе дојде време кога некои луѓе ќе зборат некои приказни (ехадис), за кои не сте слушнале ни вие ни вашите татковци! Добро чувајте се!” (Муснед Исхак б. Рахивејх, бр.332.) Од Енес р.а., се пренесува дека Пратеникот саллаллаху аллејхи ве селлем рекол: ”Ќе дојде време кога оној кој прави сабур(стрплив) во верата ќе биде како човекот што држи жар во својата рака!” (Тирмизи)

Енес б.Малик р.а., пренесува дека Пратеникот алејхи селам рекол: “Ќе дојде време кога луѓето во групи ќе седат во месџид, а најголема грижа ќе им биде дуњалукот. Аллах нема никаква потреба за такви, па немојте ни вие да седите со нив!” (Мустдрек, Хаким, бр..7916.) Енес б. Малик р.а, пренсува дека го слушнал Пратеникот саллаллаху алејхи ве селлем, како кажал: ”Ќе дојде време кога луѓето ќе се натпреваруваат во градење џамии, а малку во нив ќе клањаат!” (Муснед Ебу Ја’ала, бр.2817.)

Енес б. Малик пренесува дека Пратеникот саллаллаху аллејхи ве селлем рекол: ”Ќе дојде време кога обилен дожд ќе паѓа, а земјата нема да дава плодови!” (Муснед ел-Безза, бр.7411.)

Енес б. Малик р.а, пренесува дека Пратеникот саллаллаху аллејхи ве селлем, рекол: ”Ќе дојде време кога луѓето ќе бидат како волци – па кој тогаш нема да биде како волк ќе го изедат волци!” (ел-Му’уџем ел-Евсат, бр.736.)

Енес б. Малик р.а. , пренесува дека Пратеникот с.а.в.с. рекол: “Ќе дојде време кога на човекот ќе му биде подобро да воспитува куче отколку да го воспитува своето дете!” (ел-Муџем ел-Кебир, Таберани, бр.10537.)

Енес б.Малик р.а. пренесува дека Пратеникот с.а.в.с рекол: “Ќе дојде време кога нема да може да се опстане без правење гревови , толку што човекот ќе мора да лаже и лажно да се колне, па кога ќе настапи тоа време, подобро да побегнете. Прашале: Каде да бегаме о Аллахов Пратенику? Рече: Кај Аллах, Неговата Книга и Суннетот на Неговиот Пратеник!”(Џами’ул-Ехадис, Сујути, бр.26414.)

Абдуллах б.. Аббас р.а., пренесува дека Пратеникот с.а.в.с. рекол: “Ќе дојде време кога ширкот ќе биде повеќе скриен од црн прав, на срна карпа во темна ноќ!”(Муснед, Реби’а б. Хабиб, бр.830.) Абдуллах б.Аббас р.а. пренесува дека Пратеникот с.а.в.с. рекол: “Ќе дојде време кога срцето на верникот ќе се топи исто како што се топи солта во вода! Било речено: Поради што о Аллахов Пратенику? Рече: Поради тоа што верникот со свои очи ќе го гледа злото и нема да биде во можност да го промени!” (ел-Емру бил-Ма’аруф, Ибну Ебил-Дуња, бр.26.) Абдуаллах б. Аббас р.а. пренесува дека Пратеникот с.а.в.с рекол: “Ќе дојде време кога светот ќе биде во човечка форма но срцата ќе им бидат шејтански срца, како срцата на пустинските волци во кои нема ни малку милостi. Ќе убиваат, без да се двоумат дали прават зло. Ако ги следиш- ќе те измамат, кога ќе се оддалечиш од нив- ќе те оговараат, кога ќе зборат со тебе ќе те оговараат, ако се потпреш на нив-ќе те изневерат. Децата им се безобразни, младината девијантна! Нивните стари нема да наредуваат на добро и нема да одвраќаат од зло! Да се гордее со нив е право понижување; да им се бара нешто е право сиромаштво. Оној кој ќе биде благ кон нив заталкал, а оној кој тогаш ќе наредува добро ќе биде сомнителен.! Верникот меѓу нив ќе биде понижен. Суннетот за нив ќе биде бид’ат, а бидатот суннет. Кога тоа ќе се случи со нив ќе завладеат полоши од нив, така да нема да биде одговорено на дова па макар да е најдобар меѓу нив оној кој ја учел!” (Терчиб вел-Терхиб, Кавамус-Сунне Асбехани, бр.230.)

Алија б. Ебу Талиб р.а. пренесува дека Пратеникот с.а.в.с. кажал: ”Се плашам дека од исламот ќе остане само име, а од Куранот само зборовите. Џамиите ќе им бидат изградени но упаството ќе биде оштетено! Улемата ќе им бидат најлошите луѓе под небесниот свод. Од нив ќе се јавува фитна, и на нив ќе се враќаат!” (Шуабул-Иман, бр..1763.)

Умму Селеме р.а., вели дека го слушнала Пратеникот с.а.в.с како кажува: ”Ќе дојде време кога искрениот човек ќе се гони во лага, а на лажговците ќе им се верува, кога доверливите ќе се прогласат за измамници, а измамниците за доверливи, кога луѓето ќе сведочат и после кога ќе се бара тоа од нив, и кога луѓето ќе се заколнуваат кога тоа и нема да се бара од нив!” (Шерху Ме -анијел-Асар, Тахави, бр.6123.) Абдуллах б. Месуд р.а. пренесува дека Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. рекол: ”Ќе дојде време на трпение и сабур, кога оној кој се придржувал до верата ќе има награда како 50 шехиди. Омер р.а. рече: Од нив или од нас? Рече: Од вас:!” (ел-Муџем ел-Кебир, Таберани, бр.10240.) Абдуллах б.Месуд пренесува дека Аллаховиот Пратеникот с.а.в.с. рекоол: ”Ќе дојде време кога луѓето ќе учат Куран и ќе се трудат во ибадетот но ќе се дружат со новотарите па ќе се прават ширк таму каде што не се ни надеваат, кои своето учење и работа кое ќе го наплаќаат, и со дуњалук динот го купуваат; тоа се следбеници на ќоравиот Деџал! Реков: О Аллахов Пратенику, како тоа ќе се случува а меѓу нив ќе биде Куранот?! Рече: Погрешно ќе го тумачат Куранот, онака како што им одговара, како што Евреите и Христијаните правеле – го извитопериле значењето на Тевратот па Аллах меѓусебно им ги спротиставил срцата и ги проколнал со јазикот на Давуд и Иса Синот Мерјемин; заради тоа што биле грешни и ги преминале границите!” (Земмул-Келами ве Ехлихи, Хереви бр.66.) Абдуллах б. Амр р.а. вели дека Пратеникот с.а.в.с рекол: “Ќе дојде време кога срцата на луѓето ќе бидат диви. Реков: Што значи тоа ”диви”? Рече: Ќе се однесуваат како бедуини, тоа што ќе го заработат ќе го трошат на ајваните. Борбата на Аллаховиот пат за нив е штета, а зекатот мака!” (Меџем’ул-Зева’ид, Хејсеми, бр.4347.)

Абдуллах б. Омер р.а., пренесува дека Пратеникот с.а.в.с рекол: “Ќе дојде време кога учените ќе си завидуваат едни на други исто како што јарците знаат да си завидуваат едни на други!” (Џами’ул-Ехадис, Сујути, бр.26448.) Џабир б. Абдуллах р.а ., пренесува дека го слушнал Пратеникот с.а.в.с.како рекол рекол: ”Ќе дојде време кога муминот ќе се плаши меѓу луѓето како што мунафикот денес се плаши меѓу вас!” (Муснедул-Шамијјин, бр.238.)

Селама бинт ел-Хурр рхм вели: Го слушнав Аллаховиот Пратеник саллаллаху аллејхи ве селлем како рекол: ”Ќе дојде време кога луѓето нема да можат да најдат имам кој ќе ги предводи во намаз!” (Сунен Ибну Маџџе, бр.982.; Муснед Ахмед, бр.27181.)

Ебу Усејд ел-Саиди р.а. пренесува дека Пратеникот с.а.в.с. рекол: ”Ќе дојде време кога луѓето ќе одат на разни страни на светот каде ќе заработуваат добра храна, добри куќи и превозни средства, па ќе им порачуваат на своите фамилии: Побрзајте кај нас! Вие сте во каменита земја Хиџаз, а Медина е подобра за нив кога само тие би знаеле; нема да сабураат на мединскиот студ и топлина и никој а да не му биде заговарач и сведок на Судниот ден!” (ел-Муџем ел-Кебир, Таберани, бр.15930.) Сехл б. Са’ад р.а. пренесува дека Пратеникот с.а.в.с. рекол: “Ќе дојде време кога алимот нема да се следи, кога од добриот човек луѓето нема да се срамат, кога старите нема да се почитуваат, кога кон младите нема да се има сомилост, кога луѓето поради дуњалукот ќе се убиваат; срцата ќе им бидат диви а ќе зборат како Арапи! За добро нема да знае, против зло нема да се бори, а добирите меѓу нив ќе се кријат. Тоа се најлоши Аллахови созданија, во кои Тој нема да гледа на Судниот ден!” (Џами’ул-Ехадис, Сујути, бр.26415.)

Адијј б. Хатим р.а. пренесува дека Пратеникот с.а.в.с. рекол : “Ќе дојде време кога на човекот ќе му падне тешко да даде зекат на својот имот!” (ел-Муџем ел-Кебир, Таберани, бр.13708.)

Пратеникот с.а.в.с. рекол: “Ќе дојде време кога ќе се караат во врска со Аллах!” (ел-И’итикад, Са’ид Нејсабури, 1/194.)

 Пратеникот с.а.в.с. рекол: ”Ќе дојде време кога смртта ќе биде добра и за лошиот и за добриот човек.Што се однесува на добриот е заради тоа што ќе умре на добро, а што се однесува на лошиот е тоа што ќе умре со помалку гревови. “(ел-Сунен ел-Варида фил-Фитен, ел-Дани, бр.234.) Пратеникот с.а.в.с.., рекол: “Ќе дојде време кога биволот ќе биде највреден имот на муслиманите, со коj тој  ќе оди по врвовите на брдата и местата со вода, бегајќи со својата вера од фитна-искушенија!” (Сахихул-Бухари, 1/11.)

Пратеникот с.а.в.с., рекол: ”Ќе дојде време кога луѓeто ќе дозволуваат камата во име на трговијата!” (Ел-И’итисам, 2/89.)

Подготвила Т. Мерјем

0 views0 comments

Comentarios


bottom of page