Синџирот продавници „Халал“, кој продава месо со гарантирано говедско и живинско потекло, а чија целна група потрошувачи се муслиманите, доби наредба од градските власти во Париз да продава свинско месо и алкохол, или во спротивно ќе се соочи со затворање на продавницата, јавува „Индипендент“.
„Халал“ супермаркетите во Париз добија наредба од градските власти да продаваат свинско и алкохол со објаснување дека француската престолнина „не сака никакви области кои ќе бидат наменети само за муслимани, како ниту какви било области во кои воопшто ќе нема муслимани“, пренесува лондонскиот весник.
Со оглед на тоа дека „Халал“ маркетите се почесто ги заменуваат локалните продавници, жителите се жалеле дека во „Халал“ не можеле да ги купат вообичаените прехранбени производи. Началникот на париската област истакна дека исто би реагирал и ако ова беа „вака чести продавници со кошер храна“.
Париските власти бараат законски мерки со кои би го поништиле договорот за закуп на продавниците од „Халал“ синџирот, кој важи до крајот на 2019 година.
Comentarios