Исламот забранува блуд и проституција, а потикнува брак и брачен живот.
Резултатот на блудот се опасни здраствени последици како и ширење на неморалот во едно општество. Блудот е особеност на некои животни и изопаченост кај некои луѓе, кои освен што го лажат и изневеруваат својот брачен партнер, истите можат да го заразат со разни болести и да неговиот неморален живот биде причина да неговите деца и генерациите после него страдаат од разни болести. Аллах сака да им помогне на овие луѓе, да се отргнат од гревовите и затоа вели:
„Аллах сака да ви прости, а тие кои по страстите свои се водат сакаат далеку од Вистинскиот пат да скршнете!“(Ен Ниса, 27) Современата наука ги открила страшните болести кои се причина на развратноста и блудот: сифилисот, гонореата или триперот, сврабежот. Сифилисот доведува до импотенцијата, зачепувањето на крвните садови и стенокардија, што доведува до опаѓање на косата и спонтан абортус кај жената, а кај фетусот може да доведе до аномалии и генетска атрофија. Триперот доведува до стерилност и до воспалување на гениталните органи како и ревматизмот кај младите итн.. Меѓу другите болести кои се проучувани се сидата(АИДС) и болеста на слабеење на имунитетот кои се основа на проституцијата, но и на хомосексуализмот. Ибн Маџе , Беззар и Бејхеки бележат предание од Ибн Омер, во кој стои дека Пратеникот , саллаллаху алејхи ве селем, кажал: „..Ни во еден народ никогаш не се појавил неморал кој јавно се прави а да помеѓу нив не се рашириле болести кои порано не им биле познати на нивните претци; ниту криво мереле на вага, а да земјата не им станала неплодна, нивните залихи потрошени и да не потпаднале под власт на неправеден владател, ниту забранувале зекат, а да благосостојбата од небото не им било ускратено, а да не е животинскиот свет, ни дожд не би им паднал; …(Ет тергибу вет Терхиб, стр.109) Сидата е навистина страшна и грозна болест и само во Африка дневно умира најмалку 6000 луѓе. Болеста е откриена во 80-те години во минатиот век и се раширила низ сите континенти. Сеуште не е откриен ефективен лек ниту превентивна вакцина против оваа болест. Аллах вели: „И не приближувајте му се на блудот, бидејќи тоа е разврат, колку лош пат е тоа!“(Ел Исра, 32)
Commenti